Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР објави видео: Лишени од слобода три лица, пресечен транспорт на 150 килограми марихуана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР објави видео: Лишени од слобода три лица, пресечен транспорт на 150 килограми марихуана
ХРОНИКА

МВР објави видео: Лишени од слобода три лица, пресечен транспорт на 150 килограми марихуана

Објавено January 28, 2026 17:19
Сподели
Сподели

На 27.01.2026 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.З.(37), И.Б.(61) и Г.Б.(59), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст. 3 во врска со став 1 од КЗ.

Имено, на 26.01.2026 М.З. од лице од Струга купил моторно возило „опел комбо“ со швајцарски национални ознаки, во кое заедно со И.Б. сместиле наркотична дрога марихуана, при што го контактирале Г.Б. со цел моторното возило да биде шлепувано од Струга до Скопје за цена од 200 евра, бидејќи не било во возна состојба.

Откако пристигнале во Скопје, првопријавениот М.З. заедно со второпријавениот И.Б. побарале од третопријавениот Г.Б. за сума од 40 евра да продолжи да вози до Свети Николе, позади моторно возило „мерцедес“ во кое тие се превезувале.

На регионален пат во близина на Свети Николе, полициските службеници, по претходно добиени информации дека ќе биде извршен транспорт на поголема количина на дрога, го запреле товарното возило „ивеко“ кое го шлепувало возилото „опел комбо“ и при преглед на задната клупа и во багажниот простор на возилото „опел“, пронајдени се осум торби во кои имало 50 пакувања со марихуана.

По извршено вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР, утврдено е дека станува збор за 150 килограми марихуана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По притисок од јавноста, Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за Комисијата за заштита од дискриминација
Следна Статија Имало пријави за судијата Ристов во Судски совет, но Камбовски не се сеќава да бил пријавен за мито

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

64-годишен маж пронајден мртов во неговиот дом

Во СВР Скопје, Ј.С. пријавил дека во домот на подрачјето на Кисела Вода го пронашол починат неговиот татко Т.С.(64) од…

February 8, 2025
ХРОНИКА

Одобрено е обвинението против Нино Васев, Нехат Нухи и онколозите, седнуваат на обвинителна клупа

Кривичниот суд во Скопје го одобри обвинителниот акт поднесен од Обвинителството во случајот познат во јавноста како „Онкологија“, со кој…

June 5, 2025
ХРОНИКА

Ја затворил поранешната девојка: ја удирал со тупаници и клоци, ја влечел за коса: распишана потерница по 40-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140…

February 4, 2025
ХРОНИКА

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово

Пожар избувна денеска напладне на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово, а локалната самоуправа изрази сомневање…

July 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?