Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ поднесе Закон за 600 евра минимална плата, од ВМРО-ДПМНЕ им вратија дека ако не краделе кога биле на власт платата веќе ќе била толку
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ поднесе Закон за 600 евра минимална плата, од ВМРО-ДПМНЕ им вратија дека ако не краделе кога биле на власт платата веќе ќе била толку
ПОЛИТИКА

СДСМ поднесе Закон за 600 евра минимална плата, од ВМРО-ДПМНЕ им вратија дека ако не краделе кога биле на власт платата веќе ќе била толку

Објавено January 30, 2026 18:27
Сподели
Сподели

СДСМ денес се одважи и напиша на хартија Предлог закон за минимална плата од 600 евра, за волја на вистината напишале и колку пари им се потребни (околу 7,5 милијарди денари или околу 110 милиони евра), но од каде ќе ги најдат заборавиле да напишат. Доброто во Предлог законот на СДС е тоа што покажуваат дека тие можеле да ја зголемат минималната плата во нивно време и до 600 евра, но арамилукот им бил помил, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Да не дозволеа злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари, за набавка на канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот и штетел на граѓаните, денес работниците ќе имале и повисоки минимални плата можеби од 700 евра.

 

Но за жал, СДС и ДУИ, гледаа како можат што повеќе да ја украдат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.

 

Од СДСМ пак велат дека го го поднеле Законот за минимална плата од 600 евра за работниците Пратеничката група на СДСМ денеска во Собранието го поднесе предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата. Согласно потребите на работниците и барањата на синдикатите, со измените вистината на минималната плата се одредува на 36.960 денари односно 600 евра.

 

Во образложението се наведува дека во текот на 2025 година е евидентиран континуиран пораст на инфлацијата, при што индексот на трошоците на живот бележи значително зголемување. Особено кај основните прехранбени производи, енергенсите, комуналните услуги и здравствените трошоци, кои имаат директно и најсилно влијание врз месечните трошоци на домаќинствата. Поскапувањата кај храната и основните животни намирници, како и растот на цените на електричната енергија, греењето и услугите, реално ја намалуваат куповната моќ на работниците, особено на оние кои примаат минимална плата. Ова особено се одразува врз најранливите категории на работници, кај кои минималната плата претставува единствен или доминантен извор на приходи. Дополнително, синдикатите, како легитимни претставници и заштитници на правата на работниците, во континуитет укажуваат на потребата од дополнително зголемување на минималната плата, со цел ублажување на ефектите од инфлацијата, обезбедување достоинствен животен стандард и зголемување на социјалната сигурност на работниците и нивните семејства. Финансиските импликации за овој закон се во износ од 7.500.000.000 денари. СДСМ е на страна на работниците. Очекуваме поддршка од сите парламентарни партии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина поетот, писател и преведувач Тихомир Јанчовски
Следна Статија Македонските и српските камионџии официјално го прекинуваат протестот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Големо признание: Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за 2025 – 2027

Со 168 гласа „за“, Република Македонија денес стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот…

October 9, 2024
ПОЛИТИКА

ЗНАМ: Герасимовски зад себе остави хаос, безредие и дивоградби

Градоначалникот на СДСМ од Центар, Горан Герасимовски, човекот кој сака да се претстави како чесен, скромен, невин и наивен градоначалник,…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: СДС се заплетка и призна дека го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени

СДС се заплетка и призна дека го прислушкувале и следеле претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране…

September 6, 2025
ПОЛИТИКА

Градскиот парк личи на џунгла, велат од ЛДП

Обраснати грмушки, неискосена трева, запуштени езерца, неискастрени дрвја и расфрлани отпадоци – ова е сликата која ги пречекува скопјани секој…

May 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?