Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

Објавено February 8, 2026 13:42
Сподели
Сподели

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродром Стенковец.

Во продолжениe објавата:

ИНСТИТУЦИИТЕ ЌЕ ЗАПОЧНАТ ПОСТАПКА ЗА КОНФИСКАЦИЈА НА НЕЛЕГАЛНО ИЗГРАДЕНИОТ ОБЈЕКТ НА СПОРТСКИОТ АЕРОДРОМ СТЕНКОВЕЦ
Министерството за транспорт како институција која е надлежна за објекти од прва категорија како што се аеродроми, болници кои третираат терциерна здравствена заштита, градби за високо образование, спортски сали, стадиони и други државни инфраструктурни објекти, во изминатиот период сериозно пристапи кон решавање на проблемот со нелегалните објекти кои спаѓаат во оваа категорија.
Во координација на повеќе институции – Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат, како и Аероклубот на спортскиот Аеродромот Стенковец Скопје – ќе се започне постапка за КОНФИСКАЦИЈА на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец.
Имајќи предвид дека објектот е целосно нелегално изграден на државно земјиште, надлежните органи одлучија да се обратат до Обвинителството и Судот и да побараат целиот објект да се конфискува во корист на државата, со цел истиот да може го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби.
Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност., напиша Николоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сент Џонс премногу силен за трет рангираниот УКон во епска победа во Big East купот
Следна Статија Здравствена агенција го упатува провајдерот на лажни GLP-1 лекови Hims & Hers до Министерство за правда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пазар на акции: Nasdaq забележа пад; AMD се намалува по извештајот за заработувачка

Преглед на тековните движења на финансиските пазари и влијанието врз технолошкиот сектор

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Комитетот за финансиска стабилност го усвои Годишниот извештај: Финансискиот систем е стабилен

Финансискиот систем и натаму е стабилен, додека ризиците се на умерено ниво. Ова е општиот заклучок во Годишниот извештај на…

March 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Градежништвото ќе биде двигател на економскиот раст

Градежништвото посебно нискоградбата ќе помогне во економскиот развој на државата и очекуваме Македонија да има најголем раст во регионот оваа…

February 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бобан Николовски: Бизнис заедницата бара итни реакции – достапни сме за нив 24/7

„Бизнис заедницата бара решавање на сите предизвици со кои се соочуваат во реално време. Јас и мојот тим сме достапни…

November 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?