Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гаши порача пратениците како знаат и умеат утре да дојдат на работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Гаши порача пратениците како знаат и умеат утре да дојдат на работа
Blog

Гаши порача пратениците како знаат и умеат утре да дојдат на работа

Објавено February 9, 2026 16:38
Сподели
Сподели

Пратениците утре сами ќе се снаоѓаат како да дојдат на работа во ситуација кога е најавен протест со блокада, изјави денеска Африм Гаши, претседател на македонското Собрание.

На денешниот брифинг со новинари тој одговори на новинарско прашање врзано за утрешната блокада на македонскиот парламент од страна на ССМ, а која треба да започне во 9 часот.

На денешната координација со пратеничктие групи зборуваме дека ќе има протест. Се договоривме сите координатори да разговараат со пратениците да најдат начин да дојдат на седница, без да го попречиме правото на протест на граѓаните. Не верувам дека некој со кола би дошол, дали ќе дојдат пеш или порано, не знам како ќе биде. Се договориме дека ние треба да продолжиме да работиме, а исто така ќе го почитуваме правото на протест – рече Гаши.

Тој не очекува дека на пратениците ќе им биде попречен и самиот влез во собраниската зграда.

МВР прави проценки како треба да се реагираа, претставници на кабинетот имаа средба со нив. МВР ги презема сите свои мерки и се надеваме дека ќе биде мирно и како што треба. Не можете вие човек да спречите да влезе – рече првиот парламентарец.

Во однос на прашањето за коментар за синдикалните барања Гаши рече дека смета дека проблемот не може да се реши само со покачувањето на платите.

Начелно, сите се бориме за благосостојба на граѓаните. Тоа е прв приоритет, но не може да се реши само со зголемувањето на платите. Тоа да зависеше од мене, веднаш би ги покачил платите. Тоа е комплексно прашање. Треба да се земе предвид целата економска слика. Мислам дека треба да се направи нивелирање на платите по приоритет, да определиме кои функции се најбитно за државата. Од таму да одиме – претседател на државата, на Собрание, премиер, пратеник, овој – оној директор… и да имаме поправедно нивелирање на платите. Мислам дека на таков начин најправедно би било да се реши тој проблем – рече Гаши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поништен тендерот за јакни и редовни униформи на МВР
Следна Статија Манасиевски: Заев и Шекеринска специјални гости кај Катица Јанева, СЈО функционирало како штаб на СДС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Очекуван пораз од Данска, бодови ќе бараме против Португалија

Maкедонија очекувано загуби на стартот на Европското првенство. 36-24.Домаќинот Данска беше пресилен, иако може да се каже дека добро се…

January 17, 2026
Blog

Дневен хороскоп за Вага – среда, 29 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денес е идеален ден за Вагите да создаваат можности за духовен развој. Како естети и…

January 29, 2025
Blog

Судењето за пожарот во „Пулс“ е голем предизвик за судството, вели Димовска

В.д. претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, во своето обраќање на Годишното собрание на Здружението на судии на…

October 31, 2025
Blog

5 прашања, 5 одговори: Семинолите повторно самите си нанесоа пораз против NC State

Анализа на предизвикот и научените лекции од натпреварот

November 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?