Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Новиот закон не ја чепка автономноста на универзитетите, но имаат обврска за отчетност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Новиот закон не ја чепка автономноста на универзитетите, но имаат обврска за отчетност
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Новиот закон не ја чепка автономноста на универзитетите, но имаат обврска за отчетност

Објавено February 10, 2026 22:23
Сподели
Сподели

Новото законско решение ќе доведе до повисок квалитет на високото образование. Со него не се навлегува во автономијата на универзитетите, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска и додава дека наскоро ќе има јавни расправи на кои сите засегнати ќе можат да ги дадат своите забелешки.

Во однос на коментари, тоа се релативно минорни забелешки. Но, како што реков, ние на секој универзитет ќе имаме јавна расправа, со почеток од следната недела, каде што академската заедница ќе може јавно да ги даде своите примедби или коментари или дискусии. Секако, ќе водиме сметка, сè што е издржано да биде вклопено во законот. Без оглед дали се млади или стари универзитетите, ние квалитетот на високото образование мора да го поткренеме и не може да постои дискриминација во однос на годините на постоење на универзитетот. Сите наставници и сите студенти треба да бидат рамноправни и да ги исполнуваат одредбите и условите предвидени за сите на целата територија, одговори министерката на новинарско прашање, при посета на основното општинско училиште „Невена Георгиева – Дуња“.

Таа нагласи дека автономијата на универзитетите со овој закон, никако не е чепната. Но, Јаневска подвлече дека универзитетите треба да се свесни и треба да бидат отчетни кон Владата за средствата што таа им ги дава.

Не се навлегува во автономијата, но, отсега натаму ќе се бара отчетност. Ние во овој момент бараме само да заживее отчетноста без никакво мешање во нивната академска слобода, додаде министерката за образование и наука.

Одговарајќи на друго прашање, Јаневска рече дека цело време откако е формирана оваа Влада, тие ги исполнуваат условите што студентите ги бараат – оние за кои се смета дека може да се исполнат и се оправдани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пијан се заканувал на жената, па го тепал својот татко- уапсен насилник во Демир Капија
Следна Статија Почуствуван силен земјотрес во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки, моето извинување беше заради нивните неодговорни градоначалници

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека градинките во општините Липково и Арачиново…

December 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Вилма Русковска го пријавила Боки 13 за вознемирување

Поранешната специјална обвинителка Вилма Русковска поднела пријава до полицијата против Бојан Јовановски – Боки 13 за телефонско вознемирување. Според пријавата,…

December 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од четврток пад на температурите, од сабота пообилни врнежи од дожд

Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека времето денеска и утре ќе биде стабилно, а од среда ќе следува променливо…

April 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Марковски објави фотографии од преполни контејнери и купишта отпад: „Градот секое утро треба да е спастрен и дотеран за граѓаните“

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Горан Марковски утрово сподели повеќе фотографии од купишта отпад покрај веќе преполни контејнери. „Ако…

September 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?