Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Ми ги следат децата“: Претседателот на ССМ ги обвини власта и пратеничката Дафина Стојаноска за големи злоупотреби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Ми ги следат децата“: Претседателот на ССМ ги обвини власта и пратеничката Дафина Стојаноска за големи злоупотреби
МАКЕДОНИЈА

„Ми ги следат децата“: Претседателот на ССМ ги обвини власта и пратеничката Дафина Стојаноска за големи злоупотреби

Објавено February 11, 2026 13:06
Сподели
Сподели

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска обвини дека е следен тој лично, а што е најлошо, и неговите деца. Тој ја посочи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, која објавила видео на кое се гледа Трендафилов и неговите деца, за кое вели дека покажува оти власта користи секакви средства, дури и незаконски, за да го оцрни него и заложбите на ССМ за зголемување на минималната плата.

Трендафилов побара полицијата да открие кој го снимал видеото, но и да се одземе пратеничкиот имунитет на Стојаноска за да може да преземе правни мерки против неа, а исто така побара од премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да ја разреши од членството во Извршниот комитет на партијата каде што деновиве беше назначена.

Видеото било објавено вчера, спроти протестот, односно блокадата на Собранието која ја организираше ССМ како дел од борбата за зголемување на работничките плати. На снимката се гледаат Трендафилов и неговите две деца (чии лица се делумно затемнети), како се упатуваат и влегуваат во возило, што е проследено со коментар на Стојаноска „не слушајте што зборува, туку гледајте го како се однесува… Трендафилов, службеното возило на ССМ и приватните обврски…“

Трендафилов, видно вознемирен, но не и исплашен, денеска на прес-конференција во ССМ, рече дека него може да го снимаат колку што сакаат, но е недопустливо да се злоупотребуваат децата со цел власта да го спречи да се бори за работничките права.

Принтскрин од постот и видеото што го објави Дафина Стојаноска на нејзинот официјален профил како пратеничка

„Може да ме уценуваат, да ме напаѓаат и да ми се закануваат. Нема да потклекнам и нема да се предадам сѐ додека не се предадат тие и не ги зголемат работничките плати“, рече Трендафилов додавајќи дека сака да зборува, како што рече „за монструмите“ за „оние кои не се во детските кревети, туку седат во пратеничките клупи, кои ги гледате во кафулиња, ги среќавате на улица, кои ги имате во партијата. Кои снимаат малолетни деца“.

Тој притоа објасни дека во Велес, каде што живее со семејството и каде што учат неговите две деца, била направена снимка од него, но и од нив и други ученици, што го посочи како класичен пример за кривично дело, но и доказ дека е следен од службите.

„Монструмите не се само не телевизија. Тие се покрај нас“, рече Трендафилов при што ги повика Министерството за внатрешни работи, министерот за внатрешни работи и Обвинителството веднаш да преземат мерки против пратеничката Дафина Стојаноска.

Трендафилов обвини дека Стојаноска ги објавила неговите малолетни деца за да може сите да ги оцрнуваат и на таков начин да го уценуваат, мислејќи дека ако го следат него преку децата, ќе му направат штета и ќе го замолчат.

„Се случија големи катастрофи со деца. Не сакам да верувам дека целта им била тоа“, рече Трендафилов, додавајќи дека наместо премиерот да дава изјава дека „ова е само почеток“, со заканите по неговите деца и по неговото семејство, ќе дадел оставка или најмалку, ќе ја разрешел Стојаноска. Со слични оцени тој се осврна и на Владата, за која рече дека во „нормални држави“ за ваква работа би паднала, истовремено повикувајќи го претседателот на Собранието да поведе постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на Стојаноска.

Трендафилов им се заблагодари јавно на инспекторите од МВР кои во текот на вчерашниот ден ги преземале сите мерки за кривичен прогон и ги обезбедиле сите потребни докази.

„За жал, тоа не е само еден ден, утрото кога доаѓавме на протестот да ги блокираме пратениците во Собранието, туку е во континуитет цела измината година“, вели Трендафилов, при што постави прашање до министерот Тошковски „дали службите го следат претседателот на Сојузот на синдикатите и дали службите му ги снимаат децата?“

Тој побара одговорните веднаш да бидат уапсени, дотолку повеќе што училиштето и патеката по која биле снимани имала надзорни камери.

Исто така го повика јавниот обвинител веднаш да покаже дека „правдата е еднаква за сите“.

„Објавувањето на малолетни деца, сакајќи да ми се наштети мене е злоупотреба на децата, нешто што не е дозволено никаде во светот“, рече Трендафилов, додавајќи дека за случајот ќе бидат известени сите амбасади, Делегацијата на ЕУ, братските синдикати и Меѓународната и Европската конфедерација на синдикати и Меѓународната организација на трудот.

„Денеска прогон на синдикалци затоа што се борат за зголемување на платите има само во Белорусија и Мјанмар“, рече Трендафилов.

Тој исто така рече дека на видео снимката која ја објави Стојаноска не се само неговите деца, туку и деца на други родители кои одат на училиште и во училишниот двор, за што бара министерката за образование да се огради од она што го направила пратеничката затоа што се случува во двор на училиште во кое учат малолетни деца.

„Ако децата не ни се безбедни затоа што бараме зголемување на работничките плати, прашуваме кој е следен и што планираат следно да направат и дали е ова закана по животот и здравјето на нашите најблиски затоа што се бориме, а не им се молиме“, рече Трендафилов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кризата со меморските чипови ги разбранува пазарите, очекувања за уште полошо
Следна Статија Тајван одлучно одбива американски предлог за негова индустрија на чипови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Идентитетот не е само кујната, туку и Делчев, Сандански, Шапкарев: Мицкоски во услови без гаранции, очекува секаков инженеринг во ЕП

Очекувам секаков инженеринг во Европскиот парламент (ЕП) и, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од максимата не…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Усвоена е Програмата за работа на Владата за 2026 година, јасно дефинирани приоритетите и визијата за развој

Владата на денешната седница ја усвои Програмата за работа на Владата за 2026 година која претставува стратешки, сеопфатен и реформски…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Интервјуирањето на кандидати за судија во Стразбур ќе се спроведе пред независни набљудувачи

Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, во…

October 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Брод се запали на Охридското Езеро

Мал брод попладнево беше опожарен во Охридското Езеро, во близина на пристаништето. За среќа, екипи на полицијата брзо интервенираа и…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?