Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Али Ахмети со писма до меѓународни лидери бара заштита на Охридскиот договор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Али Ахмети со писма до меѓународни лидери бара заштита на Охридскиот договор
ПОЛИТИКА

Али Ахмети со писма до меѓународни лидери бара заштита на Охридскиот договор

Објавено October 27, 2024 18:00
Сподели
Сподели

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, испратил писма до претседателот и премиерот на Албанија, Бајрам Бегај и Еди Рама, претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, канцеларот на Германија Олаф Шолц, претседателот на Франција Емануел Макрон и државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

Во овие писма, како што соопшти ДУИ, Ахмети ја изразува својата длабока загриженост за најновите политички и уставни случувања во Македонија, кои, како што се посочува, ги загрозуваат достигнувањата на Охридскиот договор и принципите на еднаквост и стабилност во мултиетничката држава.

– Ахмети истакнува дека трите последни одлуки – плановите за укинување на Законот за употреба на јазиците, забраната за идентификација на етничката припадност во државните институции и формирањето на владејачко мнозинство без праведна застапеност на етничките заедници – претставуваат сериозни закани за мирот и стабилноста на земјата и регионот во целина. Тој повикува на заедничка акција на меѓународните лидери за заштита на достигнувањата на Охридскиот договор и правата на Албанците во Македонија, стои во соопштението.

За илустрирање на содржината на овие писма, кон соопштението е придружено писмото испратено до премиерот на Албанија, Еди Рама. Во него стои дека вознемирувачките планови, најавени од самата Влада, дека Уставниот суд ќе ги укине основните одредби на Законот за употреба на јазиците, кои го утврдија албанскиот јазик  како еднаков службен јазик според Амандманот 5 на Уставот, претставуваат сериозен удар врз Охридскиот договор, еднаквоста, меѓуетничката хармонија и стабилноста во земјата.

Се посочува на одлуката на Уставниот суд за забрана на идентификацијата на етничката припадност на граѓаните во државните институции, која се наведува, го крши принципот на колективни права на етничките заедници и, со тоа, ги поништува основните механизми на балансер и принципот на Бадинтер, кои се во сржта на Охридскиот договор. Уставниот суд, се посочува понатаму, со укинувањето на изјавувањето на етничката припадност, го крши самиот Устав, чии основни вредности вклучуваат праведна и соодветна застапеност, и нè враќа во состојбата пред Охридскиот мировен договор.

Во писмото Ахмети укажува и на, според него, прекршувањето на принципите на Охридскиот договор во однос на формирањето на политичкото мнозинство без праведна застапеност на етничките заедници по последните избори

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Принцот Вилијам јавно го спомна својот брат Хари за првпат по шест години
Следна Статија Директорот на АНБ ги исполнува условите согласно законот, тврди премиерот Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Шукова: Оние кои четири години го блокираа БРТ, сега го нудат како решение, тоа е лицемерие

Во текот на изминатите недели, во мојата програма за Град Скопје јавно и транспарентно ги претставив проектите и визијата што…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова: Очекувам пристојни, фер и демократски избори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на првиот круг од локалните избори гласаше во ООУ „Коле Неделковски“ во општина Центар. Во изјава за…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

ЛДП: Предлагаме поставување на рисот како консензуално решение за новиот државен грб

По повод изјавите околу промена на државниот грб, Либерално-демократската партија (ЛДП) предлага поставување на рисот на новиот грб, како препознатлив…

February 13, 2025
ПОЛИТИКА

По синот на Фрчковски, уште еден член на СДСМ фатен со дрога?

СДСМ не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови.Нов скандал на повидок од страна на член…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?