Од СДСМ велат дека одговорноста за нарко скандалот со пет тони дрога и за запленетата марихуана е во врвот на власта.
„Поминаа 14 дена и се уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регонот, како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница и кој ќе одговара. Овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко-скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски“, велат од опозицијата.