Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рубио: САД не сакаат Европа да биде „вазал“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Рубио: САД не сакаат Европа да биде „вазал“
СВЕТ

Рубио: САД не сакаат Европа да биде „вазал“

Објавено February 15, 2026 18:37
Сподели
Сподели

Американскиот државен секретар Марко Рубио во Братислава изјави дека САД не сакаат Европа да биде „зависна“ или „вазал“ на Вашингтон.

– Не сакаме Европа да биде зависна и не сакаме Европа да биде вазал на САД, туку да биде партнер – наведе Рубио по средбата со словачкиот премиер Роберт Фицо.

Рубио се осврна и на наводите на пет европски држави дека рускиот опозиционер Алексеј Навални бил отруен од токсин на жаба односно со епибатидин, силен нервен токсин, добиен од отровна жаба во Јужна Америка.

Тој потенцира дека тоа е вознемирувачко и оти САД немаат причина да се сомневаат во тврдењето на Велика Британија, Франција, Германија, Шведска и Холандија.

Тие држави дошле до таков заклучок. Тие ја координирале студијата. Ова не значи дека ние го оспоруваме или се обидуваме да се дебатираме со овие земји околу резултатите. Но, тоа е нивниот став, нагласи Рубио.

Русија повеќе пати демантираше дека е вмешана во смртта на Навални, кој почина во затвор на 16 февруари 2024 година на 47-годишна возраст.

Претходно, Фицо изјави дека Словачка се надева дека следната година ќе потпише договор со американската компанија „Вестингхаус“ за водење на конзорциум за изградба на нова нуклеарна централа. Тој, исто така, посочи дека Словачка е заинтересирана за купување на уште четири авиони ловци Ф-16 од САД. м

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓурa и Бомбај Штампа со албум кој потсетува на осумдесеттите години
Следна Статија Возило „Брабус“ кое вреди 100.000 евра одземено од гаражата на Радоје Звицер (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Владата на Гренланд демантира дека поканила американска висока делегација

Владата на Гренланд денеска го демантираше американскиот претседател Доналд Трамп дека американска делегација, вклучително и сопругата на потпретседателот Џеј-Ди Венс,…

March 25, 2025
СВЕТ

Потона подморница со 40 туристи во Египет: Загинаа најмалку 6 лица

Подморница со 40 туристи потона рано изутрината во Египет. Најмалку шест лица загинаа, а девет се повредени откако потона туристичката…

March 27, 2025
СВЕТ

Штрајк на кабинскиот персонал на авиокомпанијата „Ер Канада“ приземји стотици авиони

Синдикално организираниот кабински персонал на „Ер Канада“ рано утринава ја напушти работата откако пропаднаа преговорите за договорот со најголемиот авиопревозник…

August 16, 2025
СВЕТ

(Видео) „Беше како цунами“; „Не знам каде се нашите родители“: судот во Валенсија претворен во мртовечница

Шпанија се справува со последиците од поплавите кои ја опустошија земјата во последните 24 часа. Последниот извештај на властите на…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?