Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2025 развоен, фокусот е на инвестициите, капитални расходи на ниво над 44 милијарди денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2025 развоен, фокусот е на инвестициите, капитални расходи на ниво над 44 милијарди денари
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2025 развоен, фокусот е на инвестициите, капитални расходи на ниво над 44 милијарди денари

Објавено October 28, 2024 12:40
Сподели
Сподели

Буџетот за 2025 година ќе биде развоен, но нема да биде занемарена и социјалната компоненета. Капиталните расходи ќе бидат проектирани на ниво над 44 милијарди денари, а проекциите за буџетски дефицит и раст на БДП се поставени со Фискалната стратегија. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МТВ.

„Станува збор за развоен буџет, затоа што иднината на држвата е во таа насока, односно со поголем развој ќе има подобар живот за сите. Социјалата не може да се исклучи комплетно. Предвидена е поголема контрола, но ако сакате да ја намлите треба да преземете нешто. Затоа планирани се мерки за преквалификација на примателите на социјална помош, со цел да почнат со работа.Исто така поголем фокус ќе се стави на дигитализација на процесите во Министерството за социјална политика, демографија и млади“, рече министерката.

Таа додаде дека дел од проекциите коишто ќе бидат пренесени во Буџетот за 2025 година беа презентирани со усвојување на Фискалната стратегија, односно 4% буџетски дефицит и 3,7% проценти раст на БДП.

„Се што е предвидено во рамки на Буџетот ќе биде реализирано. Капиталните расходи се планирани некаде над 44 милијарди денари , што во овие услови претставува одлично ниво. При тоа за разлика од претходно ќе се фокусираме на квалитетни проекти, како што се општинските за кои се потпишаа договорите. Нема да отстапиме од таа реализација на проектираниот економски раст, бидејќи нашиот фокус се поддршка на инвестиции. При тоа кога зборуваме за инвестиции зборуваме за вистинска реализација на инвестиции. Тоа го потврдив и на состаноците во Вашингтон со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка“, истакна минитерката и додаде дека се очекува поголема активност кај проектите од Коридорите 8 и 10д, коишто ќе се реализираат во подолг период од првично планираното за 4 години, што, како што рече, било поздравено и од страна на ММФ.

Посочи дека раст на платите ќе има во образованието и здравството, а во однос на минималната плата наведе дека таа треба да биде врзана со продуктивноста.

Во однос на јавниот долг посочи дека тој на крајот на годината ќе биде најверојатно на ниво од 64%, но дека тоа ќе зависи од реализацијата на крајот на годината, односно обврските кои ќе бидат доставени за исплата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија повторно нема да учествува на Евровизија
Следна Статија Рекордно ниска излезност: Само 327 бугарски државјани во Македонија гласале на вчерашните предвремени избори во Бугаријa

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Орacles одложува проект за податочен центар, предизвикувајќи размислувања за иднината на технолошкиот развој

Стратешка адаптација во брзо променливиот технолошки пејзаж

December 14, 2025

MacBook Pro по невероватна цена: Можете да го добиете за само 400 долари

Брза понуда која нема да трае долго - не пропуштајте ја шансата!

December 16, 2025

Иднината на акциите е стабилна по новиот рекорд на Dow: Живи ажурирања

Технолошките акции пораснаа во понеделникот, градејќи врз нивното враќање во петокот и помагајќи го целокупниот пазар

February 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Повик на Варш за договор помеѓу Федералните резерви и Трезорот предизвика дискусија на обврзничкиот пазар

Кевин Варш понуди повеќе идеи за тоа како би раководел со Федералните резерви за време на својата кампања за позицијата…

February 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?