Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Ќе се донесе нов Закон за учебници така што ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Ќе се донесе нов Закон за учебници така што ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ќе се донесе нов Закон за учебници така што ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење

Објавено October 28, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Новата Влада затекна многу проблеми во образованието, но со силни напори, за кратко време, успеавме да направиме многу добри работи, од кои треба да се нагласат зголемувањето на платите на наставниците, обезбедените учебници пред почетокот на учебната година, вложувањата во 36 големи реконструкции и 36 помали санации на инфраструктурни објекти како и континуираните средби со граѓански, претежно младински организации, што резултираше со неколку експресно прифатени барања на студентите.

Ова одговори министерката за образование и наука Весна Јаневска на прашањето за приоритетите во изминатите 4 месеци, на Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“, што денес се одржа во Владата.

Ова покачување на платите на наставниците претставува сериозен придонес кон она што постојано го велиме: дека образованието е еден од приоритетите на оваа Влада, затоа што продуктот што образованието го дава претставува чувар на државата. Не само што овозможивме да се одвојат средства за покачување на платите, туку со СОНК успеавме да направиме повеќегодишен договор, за наставниците да се чувствуваат сигурни, да не зависат од моменталната состојба туку да знаат дека во следните 4 години загарантирано им е покачувањето на платите од најмалку 46% “, рече министерката Јаневска.

Во Министерството за образование и наука се подготвува стратешки документ во кој ќе има јасно дефинирани цели за долгорочен развој на квалитетот на образованието и насоки за остварување на тие цели.

Идејата е овој документ да биде на јавна расправа, а потоа да се донесе во Собранието, за во иднина, кој министер и да дојде, да знае по која патека ќе се движи образованието“, објасни министерката Јаневска, додавајќи дека врз основа на овој документ, потоа ќе се изготви и следната Стратегија за образование, во која подетално ќе бидат објаснети целите од Декларацијата.

Одговарајќи на новинарско прашање за недостатокот на учебници во Општината Тетово, министерката посочи дека се обезбедени сите учебници што биле одобрени, а не биле испечатени во минатото и исто така, се дистрибуирани сите што биле побарани од училиштата. Напомена дека директорите не пријавувале оштетени учебници, за да ги заштитат сакајќи да ги заштитат родителите, кои според Законот, треба да се плати оштета во висина од 75% од цената на учебникот.

Колку учебници биле нарачани, толку биле дистрибуирани. Побарани беа учебници за предметите физичко воспитување, ликовно и музичко образование, а истите не се предвидени со Концепцијата за основното образование“, одговори Јаневска.

Наскоро, рече Јаневска, ќе се донесе нов Закон за учебници, по што ќе следи и донесувањето на подзаконските акти, носење нови концепции, како и нови учебници.

Откако ќе се донесе ова законско решение, ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење“, рече Јаневска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за писмото од Ахмети: Мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин
Следна Статија Работиме сонот Македонија да биде домаќин на три раскрсници да стане реалност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Меланија не нарекла „Македонија“, грчката амбасада ја корегирала

Грчката амбасада во Вашингтон презела формални мерки по говорот на Меланија Трамп во кој таа ја нарече Република Северна Македонија…

March 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминалот, тоа се должи на професионалноста и неселективноста

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ зборуваше колку Македонија е безбедна држава и…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР со две нови дигитални услуги на Uslugi.gov.mk

Две нови дигитални услуги на Министерството за внатрешни работи се достапни на националниот портал Uslugi.gov.mk. Министерството за внатрешни работи продолжува…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓурчески: Не им успеја со „декласификацијата“ на прислушкуваните разговори, па „удрија“ на пожари

Не им успеја декласификацијата на документите од следењето и обработката на Мицкоски, Николоски, новинарите и бизнисмените, па „свртија“ на пожари…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?