Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Нови експресни патишта за подобро регионално поврзување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Нови експресни патишта за подобро регионално поврзување
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Нови експресни патишта за подобро регионално поврзување

Објавено February 26, 2026 13:30
Сподели
Сподели

Владата планира изградба на нови експресни патишта со цел поквалитетно регионално поврзување – најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски во поткастот на ТВ „Сител“ вели дека плановите опфаќаат изградба на нов експресен пат од Кочани до границата со Бугарија, нов експресен пат од Радовиш до Струмица и нова врска на Коридорот 10 со Коридорот Струма преку изградба на експресен пат од Смоквица преку Струмица до границата со Бугарија.

За делницата од Куманово до Страцин, Николоски информира дека веќе се работи на заеднички постапки со Европската Унија, со што ќе се заокружи поврзувањето со делот од Страцин до Крива Паланка, кој беше пуштен во сообраќај минатата година.

– Сега, во соработка со ЕУ, треба да го изградиме делот од Куманово до Страцин. Експресните патишта ќе бидат поинакви од досегашните што ги изградивме. Сменивме и закон и правилник и сега ќе личат, на пример, на автопатот Тетово – Гостивар, каде што ќе имаат две плус две летни со ограда на средината, ама оградата нема да биде бетонска, туку класична еластична ограда, таков е потегот на Дреново – Фариш, таму имаме две плус две ленто и со еластична ограда на средината – истакна вицепремиерот Николоски.

Тој додаде дека на Влада ги поминале основните документи за експресен пат од Кочани до границата со Бугарија.

– Клучен проект за мене е експресен пат од Радовиш до Струмица и уште еден експресен пат од Смоквица преку Струмица до границата со Бугарија и Петрич од другата страна – нагласи Николоски.

Во однос на автопатиштата на Коридорот 8 и Коридорот 10 д, вицепремиерот посочи дека работите се одвиваат со потребната динамика и дека проектите, со добро планирање и менаџирање, ќе бидат реализирани во предвидените рокови

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Actor Robert Carradine Dies At Age 71 – Deadline
Следна Статија Xbox CEO Asha Sharma — “This team has brought it back before, and I’m here to help us do it again.” – Windows Central

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции кои се гледаат и на терен- за следната година предвидени 50,5 милијарди денари

Автопати, водоводи, канализации… ова се само дел од капиталните инвестиции кои се реализираат од страна на владата. -Ние сме фокусирани…

November 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски на средба со Тим Рид: Следат конкретни чекори за реализација на проектите од Договорот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија работна средба…

October 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николовски: Изготвивме нов Царински закон

„Царинската управа го изготви предлог текстот на новиот Царински закон, усогласен со Царинскиот закон на ЕУ, којшто очекуваме да стапи…

June 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Глобалните обврзнички приноси достигнаа 16-годишен врв поради намалени очекувања за намалување на каматните стапки

Глобалните обврзнички приноси пораснаа на нивоа последен пат видени во 2009 година пред клучниот состанок на Федералните резерви, сигнализирајќи загри

December 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?