Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: 17 инвестиции во ТИРЗ зоните ќе креираат 5.000 нови работни места
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: 17 инвестиции во ТИРЗ зоните ќе креираат 5.000 нови работни места
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: 17 инвестиции во ТИРЗ зоните ќе креираат 5.000 нови работни места

Објавено February 26, 2026 17:54
Сподели
Сподели

Инвестициите коишто или се почнати или се реализираат или се во фаза на договарање на државна помош, а се дел од портфолиото на ТИР Зони изнесуваат околу 650 милиони евра, тоа се 17 проекти коишто треба да креираат до 5.000 нови работни места, а во делот на извозот се очекува да го зголемат за околу 2 % од БДП, поточно во вредност од околу 400 милиони долари дополнителен извоз на почетокот, што би достигнало до една милијарда евра. И тоа се инвестициите во ТИР зоните“, посочи премиерот Христијан Мицкоски на седницата за пратенички прашања, додавајќи дека инвестиции има и вон зоните.

Мицкоски најави дека наскоро ќе почне да се гради ветерниот парк, инвестиција на компанијата Алказар, откако деновиве ќе го добие одобрението за градба.

Очекувам само оваа година да имаме нови 150 милиони долари, бидејќи тоа не може да се случи за неколку месеци, изградбата ќе трае неколку години, а очекувам неговата целосна функционалност да биде на почетокот на 2028 година. Тој ќе влегува во мрежа постепено и во 2027 година но неговата целосна, 100% сила ја очекувам на почетокот на 2029 година“, посочи Мицкоски.

Одговарајќи за инвестициите во енергетиката, Мицкоски се осврна и на проектот потпишан со компанијата АКСА за изградба на две, односно потенцијална трета когенеративна гасна централа, една во Скопје, една на половина пат меѓу Гостивар и Тетово, и една потенцијално кога ќе се однесе гас кон Кичево и да се трансформира ТЕЦ Осломеј со тоа што покрај парна турбина, да има и гасна турбина, со што ќе се добие целосната физиономија.

Таа физиономија е нова една милијарда долари инвестиција којашто ќе биде важна за граѓаните но истовремено ќе значи и централно затоплување на делови на градот Скопје коишто во моментот немаат таков тип на затоплување, што е многу важно затоа што ќе влијаеме и на животната средина, но и на друг тип на параметри. Во Скопје веќе се работи за инвестицијата, Општина Кисела Вода и градот Скопје заедно со Министерството за енергетика рударство и минерални суровини, веќе работат на овој проект заедно со ЕСМ. Се развива методологијата како треба да се заврши и цениме дека ова година сите тие контури ќе бидат затворени и ќе почнеме со негова имплементација“, објасни премиерот Мицкоски на собраниска седница за пратенички прашања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова: Визијата на Борис Трајковски останува наша обврска
Следна Статија Кој го предаде Кузман Питу на Бугарите?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на средба со сопственикот на „Фор-ај-џи (4iG)“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски во Давос се сретна со раководството на 4iG, компанијата која доби дозвола за трет мобилен оператор. Денот…

January 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Зошто цената на среброто достигна рекордно ниво?

Цената на овој благороден метал за прв пат во историјата надмина 60 долари за унца.

December 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Последен повик за Bahama Breeze: Единствениот ресторан во Вашингтон се затвора

Синџирот ресторани со карипски теми најавува затварање на сите свои локации по 30 години работење, вклучувајќи ја и единствената локација…

February 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Трет квартал раст на БДП 3%, резултати едни од најдобрите во Европа

Во изминатите 6 месеци откако е избрана, оваа Влада е целосно насочена кон надминување на штетните последици од затекната девастирана…

December 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?