Во скопската населба Карпош попладнево се случи голема трагедија.
Животот го загубија жена на возраст од околу 45 години и девојче на возраст од околу 10 години. Тие паднаа од шестиот кат на станбена зграда.
Според информациите, околу 14 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, жената и детето паднаа од балкон на шести кат од зградата.
На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која само констатирала смрт кај двете лица.
Екипи на Брза помош и полицијата веднаш биле упатени на местото на настанот, каде се врши увид и се утврдуваат околностите под кои се случила трагедијата.
Надлежните институции работат на расчистување на случајот.
Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата.