Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Најозлогласениот нарко- бос Ел Менчо е погребан во златен ковчег
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Најозлогласениот нарко- бос Ел Менчо е погребан во златен ковчег
СВЕТ

(ВИДЕО) Најозлогласениот нарко- бос Ел Менчо е погребан во златен ковчег

Објавено March 3, 2026 19:20
Сподели
Сподели

Озлогласениот мексикански наркобос Немесио Осегера Сервантес, познат како Ел Менчо, водач на картелот „Нова генерација Халиско“ (CJNG), вчера е погребан на церемонија во која беа вклучени камиони полни со цвеќе и десетици маскирани војници во оклопни возила кои ја придружуваа погребната поворка и ја надгледуваа со рацете на чкрапалото, пренесува АФП. Неговата смрт предизвика бран одмазднички насилства низ целата земја.

Раскошно испраќање со силни безбедносни мерки

Погребот се одржа во близина на Гвадалахара во државата Халиско, упориште на неговиот картел, а беа распоредени силни сили на Националната гарда за да се спречи понатамошно насилство. Пред церемонијата, во погребалниот дом беа донесени огромни цветни аранжмани, вклучувајќи еден во форма на петел, алузија на неговата страст за борби со петли.

Според новинската агенција АФП, беа потребни пет камиони за да се транспортираат сите цветни аранжмани до гробиштата, од кои повеќето беа испратени анонимно.

На погребот ги криеја лицата со маски

Погребната поворка беше придружена со музика наречена „наркокоридос“, односно песни што го слават животот на нарко-босовите. Локалните медиуми објавија дека традиционалната песна „Ел Мучачо Алегре“ (Среќното момче) се слушала додека златниот ковчег со телото на Осегуера пристигнувал во капелата на гробиштата.

По едночасовната церемонија, ожалостените, од кои многумина ги покривале лицата со маски, го испратиле ковчегот до местото на погребување. Мексиканските медиуми забележале дека гробницата била релативно скромна во споредба со онаа на другите нарко-босови, кои често се погребуваат во големи мавзолеи.

Најбараниот човек во Мексико

Педесет и деветгодишниот Осегуера бил основач на озлогласениот картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG) и најбараниот човек во Мексико. Соединетите Американски Држави понудиле награда од 15 милиони долари за информации што довеле до негово апсење.

Под негово водство, CJNG прераснала во моќна транснационална криминална организација која се проширила од своето упориште во Халиско во бројни други мексикански држави, каде што е вклучена во производство и трговија со дрога.

Стравување од нов бран насилство

Убиството на Осегуера се смета за победа за владата на претседателката Клаудија Шајнбаум, која е под зголемен притисок од американскиот претседател Доналд Трамп да ја засили борбата против трговијата со дрога. По неговата смрт, членовите на картелот запалија возила и блокираа патишта во 20 мексикански држави.

Сепак, постојат стравувања дека вакуумот во лидерството создаден со неговата смрт би можел да доведе до пораст на насилството на краток рок. Се проценува дека картелот има десетици илјади членови, а сега се очекува различни фракции во рамките на криминалната група да се борат за контрола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дачиќ веќе дише самостојно, Вучиќ го посети во болница
Следна Статија Националната мрежа против насилство врз жените бара одговорност – со име и со презиме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Критичната поморска патека на светските енергетски текови повторно во фокусот

Во екстремен сценарио на ескалација, стручниците проценуваат дека цените на нафтата можат драстично да пораснат

January 13, 2026
СВЕТ

Почна средбата Трамп – Зеленски: „Има основа за договор, премногу луѓе загинаа“

На Флорида започна средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат регионалните и меѓународните медиуми. Средбата…

December 28, 2025
СВЕТ

Трамп тврди дека Мадуро е заробен и изведен од Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави извршиле „голем напад“ врз Венецуела, потврдувајќи ја ескалацијата на воените активности…

January 3, 2026
СВЕТ

ВИДЕО: Кражба во Лувр, познатиот музеј итно затворен

Кражба се случила утринава во музејот Лувр, иако деталите се уште се нејасни, француските медиуми известуваат дека тројца маскирани мажи…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?