Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 600 македонски државјани побарале евакуација, некои ќе се враќаат со чартер-летови, други со владиниот авион
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Над 600 македонски државјани побарале евакуација, некои ќе се враќаат со чартер-летови, други со владиниот авион
МАКЕДОНИЈА

Над 600 македонски државјани побарале евакуација, некои ќе се враќаат со чартер-летови, други со владиниот авион

Објавено March 4, 2026 16:18
Сподели
Сподели

До денес вкупно 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток. Најголем интерес има од македонските државјани што се наоѓаат во Абу Даби (вкупно 447). За нив се финализираат техничките и логистичките детали за да се вратат со чартер-летови.

Во Израел бројката на македонски државјани што побарале помош останува непроменета. За некои од нив, односно шест лица, евакуацијата е завршена затоа што одлучиле на сопствен трошок со комерцијални летови да се вратат во Скопје, а другите шест лица во текот на денот се очекува да бидат транспортирани по копнен пат од Израел до Египет, а утре со владиниот авион да бидат вратени дома.

– Тие ќе бидат сместени на безбедна локација, во хотел, на товар на државата, а се очекува во текот на утрешниот ден со владиниот авион безбедно да полетаат кон Скопје – информира Министерството за надворешни работи.

Во Доха бројката на македонски граѓани што побарале помош е 136. Истовремено, нашите дипломатско-конзуларни претставништва прават и посебен план за евакуација на граѓаните што се во Бахраин и Кувајт.

Од Министерството апелираат до сите македонски државјани што се наоѓаат во погодените региони (Обединетите Арапаски Емирати, Катар, Бахреин и Кувајт), доколку сè уште не го сториле тоа, веднаш да стапат во контакт со надлежното дипломатско-конзуларно претставништво или со СОС-бројот на Министерството.

– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува во постојан контакт и целосно на располагање на македонските граѓани, како и во редовна координација со надлежните локални власти, со цел безбедно и навремено спроведување на евакуацијата – се наведува во денешното соопштение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мартовската пензија ќе биде линеарно зголемена за 1.000 денари
Следна Статија Орбан: Унгарската армија ја штити енергетската инфраструктура од евентуални украински саботажи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Љутков: Целта ни е спомен-куќите на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, на Кочо Рацин и на Васил Главинов да бидат достапни за јавноста

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со директорот и стручен тим од Националниот конзерваторски центар, престојуваше во работна…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фрчковски: Не сум некој уживател, за да знам дали во Скопје има добар кокаин

Има ли во Скопје добар кокаин, беше прашан Јон Фрчковски во поткастот „Основано сомнение“? Не сум некој уживател, за да…

May 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонија на 112-то место според военото, економското и геополитичкото влијание

Глобалното воено рангирање, како што е определено од „Глобал фајерпауер“, е изразено преку индекс на моќност што нуди вредни сознанија…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Проекти за трајна промена во Неготино

Премиерот Христијан Мицкоски ги објави проектите за трајна промена за Неготино кои претставуваат темели за сигурна иднина. „Проектот за изградба…

January 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?