Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Есенската кошница завршува на 31 октомври: Ако дојде до дивеење на цените, жестоко ќе реагираме, тврди Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Есенската кошница завршува на 31 октомври: Ако дојде до дивеење на цените, жестоко ќе реагираме, тврди Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Есенската кошница завршува на 31 октомври: Ако дојде до дивеење на цените, жестоко ќе реагираме, тврди Мицкоски

Објавено October 29, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски најавува дека институциите ќе ги искористат сите алатки за одбрана на стандардот на граѓаните во случај на енормно зголемување на цените на прехранбените производи по завршувањето на есенската потрошувачка кошница на 31. месецов.

Очекувам заедно со коморите и со трговците и со производителите да не дојде до дивеење. Ако дојде до тоа жестоко ќе реагираме и ќе го браниме стандардот на граѓаните со се што имаме како алатка на располагање – изјави Мицкоски, на новинарско прашање пред учеството на Првата годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје.

Со одлука на Владата, за 73 прехранебни производи опфатени со есенската потрошувачка кошница бруто профитната маржа е ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало. Тие производи во марткетите се обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Владата најави дека мерката есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе се применува како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница со ограничено време на траење пред и за време на празниците кога вообичаено се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрушевски откри фрапантни докази за милионски криминал на СДСМ и ДУИ во МЕПСО
Следна Статија Царината заплени 109 кг режан тутун, цигари, облека од познати модни брендови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Средба со заменикот на генералниот директор на ММФ: Силна и независна централна банка – клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност

„Народната банка спроведе навремени и соодветни монетарни и макропрудентни мерки, коишто овозможија стабилизирање на инфлацијата, одржување стабилен курс на денарот…

April 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Санкциите за руската нафта нема да ги влошат нашите прогнози за инфлацијата

ММФ очекува дека просечната инфлација за годинава ќе биде 4 проценти, мислам дека ќе биде 0,1 или 0,2 процентни поени…

October 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цената на становите во Скопје продолжува да расте

Становите и останатите недвижнини поскапија за 8% во третиот квартал од годинава, покажуваат податоците на Народната банка. Цените на недвижнините…

October 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Петрова: Даноците се собираат според планот

Полнењето на буџетот е стабилно и сосема е извесно дека годината ќе ја завршиме со исполнување на планот, бидејќи до…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?