Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Адвокатот Тони Менкиновски десет години не смее да влезе во Бугарија, претставувал закана за национална безбедност на таа држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Адвокатот Тони Менкиновски десет години не смее да влезе во Бугарија, претставувал закана за национална безбедност на таа држава
МАКЕДОНИЈА

Адвокатот Тони Менкиновски десет години не смее да влезе во Бугарија, претставувал закана за национална безбедност на таа држава

Објавено March 7, 2026 18:45
Сподели
Сподели

Бугарија му забранила влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски, до 2036 година, кој вели дека во официјалниот документ што го добил стоело дека наводно тој претставувал закана за националната безбедност на Република Бугарија.

Менкиновски на денешната прес-конференција изрази сомневање дека ваквата мерка е директно поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и истакна оти обвинението е сериозно, но е донесено без конкретно образложение и без претходна правна постапка. Забраната му била врачена на 6 март на влез во Бугарија.

При преминување на границата луѓето кои работеа таму не можеа никако да го поминат мојот пасош. Ме замолија да ја тргнам мојата кола на страна и притоа ми кажаа дека од Софија добиле известување со кое мора да ме задржат бидејќи треба да добијат некои документи. После половина час чекање на граница ми ги доставија овие документи, ми удрија црн печат на пасошот, вели адвокатот Менкиноски.

Според него, оваа одлука е срам за Бугарија, но и за Европската Унија и смета дека со неа се врши заплашување на адвокатите и директно мешање во независноста на адвокатската професија.

Како што вели тој, наместо да ги спроведат одлуките на Европскиот суд за човекови права, Бугарите преземаат мерки кои можат да се толкуваат како притисок врз адвокат.

Бугарија мора да ги имплементира сите 14 пресуди односно да го признае правото на Македонцитте да имаат свои клубови, своја политичка партија и свое идентификување. Сега ова е израз на немоќ сакајќи преку мене да покажат сила со тоа што не се дозволува влез на нивниот адвокат кој ги застапува пред Европскиот суд за човекови права, истакна на прес-конференцијата Менкиновски.

Тој посочи дека ќе ги искористи сите правни и институционални механизми за да ја оспори оваа одлука. Случајот ќе биде доставен и до Комесарот за човекови права, Европскиот парламент, ОБСЕ, и Обединетите нации, како и меѓународните организации кои ја следат состојбата со човековите права и независноста на адвокатската професија.

Нашата визија е јасна – образованието мора да биде темел на развојот на државата. Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе, пора

Став за оваа информација денеска новинарите побараа и од премиерот Христијан Мицкоски.

Немам информација дали тоа е точно и кои се причините ако е тоа точно. Но доколку е точно тоа е уште еден срам за демократијата кај нашиот источен сосед. Но, тоа е поголем срам за сите оние кои не веруваат во вистинските намери на политичарите од нашиот источен сосед. Јас навистина би се чувствувал засрамено да бев човек кој седи на иста маса и треба да споделува исти вредности со политичарите на нашиот источен сосед. Тука, пред се мислам на земјите-членки на Европската Унија, кои мислам дека треба да реагираат, доколку се потврди дека ова е точно, рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по поставувањето камен темелник на универзитетски кампус Мајка Тереза.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Предлогот за нов јавен обвинител ќе биде доставен следната недела
Следна Статија На Меѓународниот аеродром Скопје откриени непријавени 150 илјади британски фунти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Светскиот ден на детето е ден кога не смее само да се зборува, туку треба да се дејствува, порача Мицкоски

Светскиот ден на детето е и потсетник дека треба да работиме заедно за да создадеме свет во кој сите деца…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од Бигорски манастир објаснуваат зошто паричката се става во василопита на Св. Василиј

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР објави повик за ученици во Средното полициско училиште

МВР објави јавен повик за запишување на ученици во Средното полоциско училиште, кое продолжува да функционира по 25 години пауза. -ЈАВЕН ПОВИК…

July 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Скопје утрово 7-ми во светот со најзагаден воздух

Утрово во главниот град воздухот е опасен за дишење. е се најде како 7-ми град во светот во непопуларната ранг…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?