Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Вештачката интелигенција етапно ќе се воведува во наставните програми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Вештачката интелигенција етапно ќе се воведува во наставните програми
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Вештачката интелигенција етапно ќе се воведува во наставните програми

Објавено October 29, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Вештачката интелигенција повеќе не се третира како футуристички концепт, туку е реалност и има голема примена во секојдневието. Планираме нејзино етапно воведување во наставните програми во училиштата, тоа е наша должност со цел младите низ формалниот процес на образование да се запознаваат со придобивките, но и со предизвиците од нејзината употреба.

Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на дебатата со наслов „Дали имаме национален капацитет за брза адаптација на работната сила со предизвиците кои ги носи вештачката интелигенција?“, организирана во рамки на 19та годишна конференција на МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии, што денес и утре се одржува во Скопје.

„Вештачката интелигенција има голем потенцијал во областа на образованието. Таа, може да го револуционизира начинот на кој се учи и се предава. Може да го персонализира образованието, приспособувајќи ја содржината на индивидуалните потреби и стилови на учење на секој ученик. Ова може да доведе до подобри резултати од учењето“, рече Јаневска, посочувајќи дека зборува за вештачката интелигенција која е во согласност со етичките и моралните начела и норми.

Говорејќи за дигитализацијата на образованието, министерката рече дека тоа е отпочнат процес во кој државата е поназад од земјите од ЕУ, а понапред во споредба со земјите во регионот. Посочи дека министерството е фокусирано на два аспекти – дигитализација на наставата и дигитализација на образовните услуги.

„Дигитализација на наставата подразбира опремување на училиштата со квалитетна ИТ инфраструктурна мрежа и ИТ уреди, обезбедување на дигитални алатки и платформи, дигитализирани учебници и слично. Од друга страна пак, веќе нудиме  дигитални услуги за остварување на повеќе права – упис во прво одделение и прва година во средно образование, аплицирање за стипендии, за сместување во ученички и студентски домови, за субвенциониран оброк и така натаму. Во напредна фаза е и дигитализацијата на услугите на повеќе факултети“, рече Јаневска.

Нагласи дека државата се води по национални, но и меѓународни документи, како на пример Акцискиот план за дигитално образование.

„Периодов фокусот е ставен и на реформската мерка за инклузивна дигитална трансформација на образованието преку која е предвидено над 95% од наставниците до крајот на 2027 година да бидат високо обучени во полето на дигиталните вештини“, додаде министерката.

Буџетот што ќе го добие Министерството за образование и наука следната година ќе изнесува 40 милијарди денари, што е најмногу досега. Според Јаневска, тоа ќе значи и повеќе пари за дигитализација, како и за поддршка на работата на научно – истражувачките работници кои, очекува во иднина повеќе да се занимаваат со иновации во областа на вештачката интелигенција.

На дебатата, покрај министерката Јаневска, учествуваа и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, претседателот и заменик претседателката на МАСИТ – Илија Господинов и Весна Иваноска, како и директорот на активноста на USAID за млади кои активно создаваат можности – Youth Actively Create Opportunities (YACO), Небојша Мојсоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Три жени кршеле во угостителски објект, ги нападнале и газдите
Следна Статија Николоски за „Катимерини“: Единствениот начин да се оди напред е преку создавање заеднички проекти кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат

Премиерот Христијан Мицкоски утрово преку својот фејсбук профил изрази почит по повод 122 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце…

May 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тројца тешко повредени пациенти транспортирани во Солун

Првите три пациенти од Клинички центар кои се тешко повредени по пожарот во дискотеката во Кочани, тргнаа со возила опремени…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Секаде имаме недостаток на полицајци, а вишок на началници

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска посочи дека недостасуваат полициски службеници кои работат на терен, а во меѓувреме постои…

March 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

За први мај на ГП „Блаце“ поминале над 26 илјади граѓани – низ „Богородица“ пак над 24 илјади!

Вчера на граничните премини низ Македонија можеше да се забележи голем метеж, а граѓаните чекаа со часови за да влезат…

May 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?