Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти
МАКЕДОНИЈА

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти

Објавено March 9, 2026 17:04
Сподели
Сподели

– Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција ја обвини власта дека не презема ништо против поскапувањето на цените поради војната на Блискиот Исток, и предложи намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната.

-Прво предлагаме намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5 проценти при промет на сите енергенси, дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен газ и метан. Понатаму, намалување на акцизата за 4 денари, и тоа е нешто што директно ќе ја намали цената на еден литар на горивата по бензинските станции, и дополнително на сè, сведување на нула проценти ДДВ на основните прехранбени производи, за да се амортизира евентуален скок на цените на храната, рече Филипче.

Според него, власта не презема ништо во однос на кризата што се случува веќе повеќе денови на Блискиот Исток, а денеска, посочи тој, сме соочени и со раст на цените на горивата поради случувањата со војната во Иран.

-Во континуитет еден месец расте цената на светските берзи на нафтата и таа е порасата за 60 проценти. Досега требаше да има вонредна седница на Владата за да се спреми системот за да се донесат мерки за вакви ценовни шокови граѓаните да не почувствуваат, рече Филипче.

Според него, се што било направено било само вештачко намалување на трошоците на живот.

-Само што се прави некаква ревизија на кошничката, не била синдикална туку владина, според владината луѓето не требало да јадат леб и млеко, туку треба да јадат помалку. Ќе поскапе струјата, ќе поскапат основните прехранбени продукти и тоа ќе биде еден ланец на настани кои што ќе следат после поскапувањето на горивата. Имајќи предвид дека Владата ништо не прави, сметам дека треба да предложиме нешто, да го земат предвид и да го направат за доброто на граѓаните. Затоа предлагаме намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната, заклучи претседателот на СДСМ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија War with Iran chokes flows of oil and natural gas, highlighting energy security risks for Asia – AP News
Следна Статија Nvidia Stock Is Rising Again after a 2% Gain on Wednesday — What’s Driving the Rally? – TipRanks

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ставен под контрола пожарот во парк шумата Гази Баба

Тежок пожар попладнево изби во парк шумата Гази Баба над Природно-математичкиот факултет. -На лице место веднаш се упратиј пожарникарите од…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: 10 пациенти ќе бидат пуштени од болница 

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес конференција по состанокот со Кризниот штаб, информираше дека моментално се лекуваат 162…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се роди женско бебе пони во ЗОО Скопје

Зоолошката градина во Скопје соопшти дека имаaт принова кај пони коњите. Родено е женско пони. – Утрово не дочека нова…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг

До вчера течеа роковите за поднесување евентуални приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?