Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гаши: Таа ноќ во Кочани изгоре и еден неповратен дел од нашата душа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Гаши: Таа ноќ во Кочани изгоре и еден неповратен дел од нашата душа
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Таа ноќ во Кочани изгоре и еден неповратен дел од нашата душа

Објавено March 12, 2026 13:12
Сподели
Сподели

Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат оставајќи спомени, но има и такви што никогаш не завршуваат, порача претседателот на Собранието на денешната комеморација по повод 1 година од трагедијата во Кочани. Комеморативната седница започна со минута молк.

На почетокот на седницата се обрати претседателот на собранието Африм Гаши.

-Постојат утра што будат надеж и раѓаат нова сила, но има и мрачни утра што ја гасат надежта и предизвикуваат само болка. Такво утро беше 16 март минатата година кога осамна по трагичната ноќ во Кочани. Ноќ што започна со забава, со млади што славеа, со пријателства и насмевки, а заврши со плач со рани и болка што длабоко продре во срцето на целата држава. Таа ноќ Кочани и Македонија не ги изгубија само своите синови и ќерки, туку изгубија и дел од својата иднина. Еден неповратен дел од нашата душа таа ноќ изгоре во Кочани. Таа ноќ, заедно со животите на 63 млади луѓе, со себе ги однесе и соништата и плановите кои штотуку почнаа да се градат. Приказните што штотуку почнаа да се пишуваат, и утрешнината на многу семејства во нашата земја. Денес стојам пред вас, со длабоко чувство на тага и тежок товар на одговорност, затоа што да се зборува за трагедијата како што е оваа, можеби е една од најтешките задачи што можат да и припаднат на една институција или на едно лице. Дури и по една година, тешко е да се изберат зборови, но уште потешко е да се изговорат, постојат моменти кога и да ги изберете зборовите, внимателно, тие секогаш изгледаат недоволни за да го изразат она што човекот го чувствува и што го преживува. Таква е и оваа обврска за мене. Иако јавниот збор е должност, тој никогаш не бил толку тежок. Особено кога си свесен дека во ваков случај ниедна реченица не е доволна за да ја исполни празнината и за да ја ублажи болката што оваа трагедија ја остави кај семејствата и во совеста на ова општество“, изјави Гаши.

Гаши изрази огромна благодарност кон сите кои помогнале и додаде дека таа помош нема да биде заборавена.

–Меѓу оние кои ги загубивме имаше уметници кои со години ја осветлуваа сцената, имаше фудбалски ѕвезди кои постепено се издигнуваа, и којзнае колку професионалци од разни области кои требаше да не направат горди. Песната на групата ДНК „Ако утре ме нема“, која до таа ноќ беше само рефрен, денес добива поинакво значење за секој што ја слуша, затоа што за некои од оние коишто пееа, утрешниот ден никогаш повеќе не дојде, додека за другите утрето дојде но без оние кои ја пееа, изјави Гаши.

Според претседателот на Собранието правда мора да има бидејќи таа може да донесе мал спокој за семејствата и општеството. Гаши ги охрабри институциите да дејствуваат правилно за да се дојде до правдата.

– Почитувани родители, со голема одговорност Ви се обраќам во името на сите граѓани и институвии, вашата болка е болка на целото наше општество, а споменот кон нив е врежан во нашата колективна свест, нагласи Гаши.

–Оваа трагедија е последниот аларм за сите политички и оштествени чинители, да се вратиме кон самите себе, кон нашата човечност, да се издигнеме како феникс и повторно да ја изградиме оваа држава, овојпат врз основа на чесност, праведност и искреност. Ова да биде последната трагедија. Бог да ги помилува душите на оние што таа ноќ заминаа во вечност. Вечна им слава, рече претседателот на Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петок 13-ти носи неочекувани пресврти за овие три хороскопски знаци
Следна Статија 70% од докторите се соочиле со насилство на работното место

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гаши контра Уставниот суд: Пратениците имале право на интерпелација против секој функционер

 Секоја иницијатива поднесена од страна на пратениците, доколку е во согласност со Уставот и Деловникот и законите, ќе биде процесирана…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нови детали за изнудата од бизнисмен- агент во АНБ глумел финансиски разузнавач, амнестираниот за „крвавиот четврток“ мафтал со лажни документи

Акцијата за апсење на двајца изнудувачи, меѓу кои еден е вработен во Агенцијата за национална безбедност се одвивала пред два…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДСМ

Не, нема вистина, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија во вечерашното интервју во Тема на денот на…

December 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бесир Шабани нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ

Бесир Шабани е нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ, објави Македонската берза. – Ве известуваме дека…

May 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?