Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во „Пулс“ имало само два противпожарни апарати и еден хидрант, ама празен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во „Пулс“ имало само два противпожарни апарати и еден хидрант, ама празен
МАКЕДОНИЈА

Во „Пулс“ имало само два противпожарни апарати и еден хидрант, ама празен

Објавено March 12, 2026 13:14
Сподели
Сподели

Недостиг на основни противпожарни апарати, празен хидрант, заклучена помошна врата и отсуство на систем за пријавување пожар констатирала увидната екипа на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) по пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Ова го истакна инспектор на ДЗС од подрачното одделение во Виница, кој денеска сведочеше на судското рочиште, посочувајќи дека до моментот на несреќата, Општина Кочани повеќе од една деценија немала вработено инспектор за заштита и спасување.

На прашања на обвинителството за тоа дали претходно биле преземени инспекциски дејствија во објектот, сведокот појасни дека неговите надлежности се врзани исклучиво за територијата на општина Виница. За вонреден надзор во друга општина, како што посочи, неопходен е писмен налог од директорот, заменик-директорот или генералниот инспектор. Тој нагласи дека во Кочани долго време постоел проблем со кадарот, за што било запознаено и раководството на Дирекцијата.

– Претходниот колега Благој Јанев е во пензија, истиот е пензиониран од 2012 или 2013 година. Откако лицето е во пензија во Кочани нема инспектор за заштита и спасување … До моментот на настанување на пожарот во подрачното одделение во Кочани, колку што знам нема вработено лице инспектор за заштита и спасување, посочи сведокот.

По пожарот, тој бил повикан да биде дел од увидната екипа заедно со колеги од Пробиштип, Струмица и Берово. Сведочејќи за затекнатата состојба во опожарениот објект, инспекторот посочи на сериозни пропусти во основните безбедносни стандарди.

– Болно малку е ова, црни саги и уште што немаше на влезот, меѓутоа кога влеговме внатре имаше само два ПП апарати, што е недоволно, празен хидрант, нема вода, нема црево, нема млазници, нема систем за јавување за пожар, и најболната работа, задната врата заклучена од внатрешната страна немаше квака, а плус тоа во заклучена со катанец, зборувам за помошниот излез. Ова се примети безразлика што пожарникарите веќе ја имаа скршено за да можат да влегуваат, посочи сведокот.

Дополнително, инспекторот на ДЗС појасни дека помошната врата, која се наоѓала од левата страна на бината, била многу тесна, без панично светло и од надворешната страна запечатена со стиропор. Според неговиот исказ, и надворешноста на објектот не овозможувала соодветна интервенција на спасувачките служби.

– Направена е обилка, приметено е дека од женското веце имаше железни решетки од надвор, додека на излезот од таа задна врата имаше зелена површина која беше како брег и заградена со ограда, каде не може да пристапи брза помош, ниту пожарна, рече инспекторот на ДЗС.

Во однос на природата на пожарот, инспекторот наведе дека градежните материјали во објектот придонеле за негово катастрофално и брзо ширење. – Она што се виде и од социјалните мрежи, се работи за пожар со отворен пламен којшто брзо се шири поради облогата со стиропор и се материјали кои што се лесно запаливи, рече сведокот.

Одговарајќи на прашањето дали ДЗС требало да дозволи овој објект да работи со оглед на констатираните недостатоци, тој истакна дека инспекциските служби имаат овластување да го забранат користењето на објектот, доколку утврдат дека постои опасност по безбедноста.

– Поради што нема услови за ефикасна интервенција на тимовите за противпожарна заштита и брза помош, инспекторот може и да забрани објектот да не се користи или дел од него, рече сведокот.

Заклучи дека секој инвеститор е должен да изработи плански документи и елаборат за заштита од пожари кои мора да бидат доставени до ДЗС, при што Дирекцијата е должна да даде согласност или забелешки. Според законските одредби, во отсуство на овие плански документи и опрема, на правниот субјект му се даваат рокови за нивно обезбедување или му се издава прекршочен платен налог.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 70% од докторите се соочиле со насилство на работното место
Следна Статија Внуката на Слободан Милошевиќ е вистинска убавица (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски очекува првата линија на „Градскиот воз” на релација Зелениково – Драчево – Кисела…

May 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хајрулахи: Државниот обвинител Коцевски има пристап до информации за многу следени важни македонски граѓани

Државниот обвинител Љупчо Коцевски преку контролата на Посебните истражни мерки определни од судот има пристап до информации за многу следени…

September 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сончевото време ќе продолжи и утре

Од Управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека и утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во…

December 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Инспекции во кујните во училиштата и градинките: Утврдени недоследности, уништени 83 кг. храна

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во…

October 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?