Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Миновски: Критична инфраструктура – енергетиката како прашање на државна безбедност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Миновски: Критична инфраструктура – енергетиката како прашање на државна безбедност
ЕКОНОМИЈА

Миновски: Критична инфраструктура – енергетиката како прашање на државна безбедност

Објавено March 12, 2026 15:57
Сподели
Сподели

Предизвиците од политичката нестабилност и конфликтите во Украина и на Блискиот Исток неминовно го наметнуваат прашањето за управување со ризици и подготвеноста на државата да се справи со кризни ситуации. Во такви услови, три столба се клучни за стабилноста на секоја економија: енергетската безбедност, безбедноста во производството на храна и соодветната фискална политика, ишува економскиот експерт и поранешен министер за финансии Кирил Миноски.

Во продолжение неговиот осврт за енергетиката 

Во оваа анализа ќе се осврнам на првиот столб – енергетската безбедност.
За разлика од голем дел од европските држави, Македонија има дефицит во трговијата со електрична енергија. Во 2024 година домашното производство покривало околу 89% од потребите, додека нето-увозот изнесувал 11,03% од бруто потрошувачката на електрична енергија.
Дополнителен проблем е што домашното производство континуирано опаѓа. Вкупното производство на електрична енергија во 2024 година изнесувало 6.129 GWh, што претставува намалување од 6,47% во споредба со 2023 година, а повеќе од 25% во однос на нивото од пред една деценија. Термоцентралите, кои главно работат на јаглен, учествувале со 38,43% во вкупното производство во 2024 година, но со пад од 23% во споредба со претходната година.
Од друга страна, во сегментот на обновливите извори на енергија доминираат т.н. приватни играчи, кај кои често не се знаат крајните сопственици, а добиле пристап до јавни ресурси. Нетранспарентноста на целиот процес го прави овој сектор подложен на политичко влијание и корупција.
Токму најголемите корупциски скандали – и според вредноста и според обемот на злоупотребите – се во енергетскиот сектор. Станува збор за случаи на злоупотреба на јавни средства, корупција и перење пари, најчесто поврзани со увозот, производството и продажбата на електрична енергија и енергенси.
Наспроти ова, во најголем дел од земјите на ЕУ критичната енергетска инфраструктура е под силна државна контрола. Големи државни компании како Vattenfall во Шведска или Statkraft во Норвешка управуваат со значителен дел од производството на електрична енергија, додека преносните електроенергетски мрежи најчесто се во целосна или доминантна сопственост на државата. Европскиот модел покажува дека и во услови на либерализиран пазар државата останува клучен играч во управувањето со критичната енергетска инфраструктура, со цел да се обезбеди стабилност на системот, енергетска сигурност и заштита на јавниот интерес.
Состојбата кај нас укажува не само на негрижа на државата за сопствените ресурси (водата, ветерот и сонцето), туку и на отсуство на долгорочна и одржлива енергетска политика. Наспроти тоа, кај нас доминира политика базирана на тргување со влијание , која ја става државата во хендикепирана позиција – ранлива на кризи и со ограничена способност да се справи со енергетските и економските предизвици, додека крајната цена ја плаќаат граѓаните.
Енергетската политика е прашање на суверенитет, економска иднина и доверба во државата. Кога државата не ги штити сопствените ресурси, јавните добра (водата, ветерот и сонцето) лесно стануваат предмет на приватни интереси, наместо извор на благосостојба за сите граѓани.
Држава која нема контрола врз својата енергетика, нема контрола ниту врз својата економска иднина, завршува на крај Миноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Внуката на Слободан Милошевиќ е вистинска убавица (ВИДЕО)
Следна Статија На ДУИ не им се допадна одлуката за „Безбеден град“,бараат оставка од Костадиновски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ЕУРОСУПЕР БС-95 и дизелот поевтинуваат

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од…

April 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ѓорѓиевски за проектот градски воз: Ќе бидеме целосно логистички вклучени во овој процес

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски се обрати при извршениот увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз. -Сакам…

November 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Куклата „Лабубу“ и донесе профит од речиси 600 милиони евра на компанијата „Поп Март“

Кинеската компанија „Поп Март“, производител на популарните кукли „Лабубу“, објави извонредни деловни резултати. Во првата половина од 2025 година, нето…

August 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Намален е бројот на невработени лица

Бројот на невработени лица во четвртото тримесечје од 2025 година е намален за 3,6% споредено со истиот период од 2024…

February 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?