Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука
СВЕТ

Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука

Објавено March 14, 2026 16:47
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави на социјалните мрежи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не командува во Унгарија и дека земјата нема да стане украинска колонија, објави порталот Индекс.

„Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука“, рече премиерот Виктор Орбан во видео објавено на неговиот Фејсбук профил.

Во видеото, премиерот потсети дека денес е 19-ти ден од украинската нафтена блокада. Според него, Зеленски продолжува да го затвора нафтоводот „Дружба“, и покрај тоа што знае дека е од витално значење за Унгарија и Словачка. Тој додаде дека унгарските експерти се во Киев со денови, но сè уште не им е дозволен пристап до локацијата.

„Ова е еднакво на признание“, смета Орбан.

Истовремено, унгарскиот премиер го подвлече фактот дека американскиот претседател Доналд Трамп почна да ги укинува санкциите за руската нафта, додека Европа не го стори тоа, што доведе до нагло зголемување на цените на горивата на континентот.

„Европа и целиот свет нема да можат да ја надминат нафтената криза без помош на евтината руска нафта. Американците веќе ги презедоа првите чекори и почнаа со укинување на санкциите, но во Брисел сè останува исто“, рече премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еди Рама се скарал со новинари и ги избркал од прес конференција
Следна Статија ФК Осогово не ги заборави верните навивачи Томас и Александар кои загинаа во пожарот во „Пулс“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Избори во Романија: Според излезните анкети, Симион води со речиси една третина од освоените гласови

Според првите излезни анкети по завршувањето на првиот круг од повторените претседателски избори во Романија, кандидатот на десничарската Алијанса за…

May 4, 2025
СВЕТ

Израел: Нема да ги ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

Израел денеска објави дека го одложува ослободувањето на стотици палестински затвореници додека милитантната група Хамас не ги исполни своите услови.…

February 23, 2025
СВЕТ

Во Европа повторно раст на цените на гасот

Цените на гасот во Европа денеска повторно се зголемија и го достигнаа највисокото ниво од јануари 2023 година. Растот на…

March 9, 2026
СВЕТ

Трамп ќе побара од Панама да го предаде каналот на САД

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп во саботата ја обвини Панама дека наплатува прекумерни тарифи за користење на Панамскиот канал и рече…

December 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?