Скопјанка пријавила во полиција дека сопругот со кој се разведувала ѝ поставил уред за следење во возилото. Ова е една од бројните пријави што се најдоа во објавата на Министерството за внатрешни работи поврзани со семејно насилство.
-На 14.03.2026 година во 02.30 часот во СВР Скопје, 49-годишна жена пријавила дека на 13.03.2026 година во автомеханичарски сервис во нејзиното возило бил пронајден уред за следење, при што посочила дека најверојатно го поставил нејзиниот сопруг А.С., со кого биле во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – пишува во објавата.
Инаку деновиве во државата биле евидентирани вкупно 11 пријави за семејно насилство, уапсени се шест лица, а со две лица бил извршен службен разговор