Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Папата со критика Трамп: Војната не е видеоигра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Папата со критика Трамп: Војната не е видеоигра
СВЕТ

Папата со критика Трамп: Војната не е видеоигра

Објавено March 18, 2026 19:48
Сподели
Сподели

Папата Лав XIV упати остра порака до медиумите и политичките актери, предупредувајќи дека војната не смее да се прикажува како видеоигра и дека новинарите не смеат да станат алатка на пропаганда.

Во обраќање до вработените во италијанската телевизија ТГ2, папата нагласи дека улогата на медиумите е да ја прикажат реалната слика за страдањата што ги носи секој конфликт.

„Новинарите треба да ги покажат страдањата што војната секогаш им ги носи на луѓето, да го покажат нејзиното лице и да ја раскажат преку очите на жртвите, за да не се претвори во видеоигра“, изјави папата.

Тој предупреди дека во време на војни, медиумите се изложени на ризик да станат дел од пропагандни механизми.

„Медиумите мора да се чуваат од опасноста да станат пропаганда. Задачата на новинарите да ги проверуваат информациите и да не бидат гласноговорници на оние на власт е клучна“, додаде тој.

Изјавата доаѓа во контекст на критики за начинот на кој се комуницираат воените операции, откако беа објавени содржини што комбинираат реални снимки од напади со елементи од филмови и видеоигри.

Слична реакција упати и кардиналот Блејз Купич од Чикаго, кој оцени дека ваквото прикажување на војната е „вознемирувачко“ и ја минимизира реалната човечка трагедија.

„Вистинска војна со вистинска смрт и страдање се третира како видеоигра – тоа е вознемирувачко“, посочи Купич.

Овие реакции доаѓаат во време кога воените конфликти предизвикуваат сè поголеми политички и општествени поделби, вклучително и во самите САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски се сретна со Пленковиќ, регионалната соработка во фокусот на разговорите
Следна Статија Москва без мобилен интернет: Операторите воведоа привремени рестрикции од безбедносни причини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кипар, Грција, Италија и Малта загрижени за можна нова мигрантска криза

Лидерите на Кипар, Грција, Италија и Малта денеска ја повика Европска Унија единствено и координирано да одговори на потенцијалниот бран…

April 24, 2026
СВЕТ

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме,…

October 14, 2025
СВЕТ

Трамп по нападот кај Белата куќа: „Трајно ја забранувам миграцијата од Третиот свет“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави драстична и досега најстрога мерка во американската имиграциска политика – трајна објава за запирање на…

November 28, 2025
СВЕТ

Унгарски аналитичар: Зеленски треба да престане да ги лаже Украинците дека ќе влезат во ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да престане да ги залажува граѓаните на Украина за реалните изгледи на неговата земја за…

November 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?