Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ја будел со вода за да продолжи да ја тепа бремената партнерка- Насилник од Свети Николе доби една година затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ја будел со вода за да продолжи да ја тепа бремената партнерка- Насилник од Свети Николе доби една година затвор
ХРОНИКА

Ја будел со вода за да продолжи да ја тепа бремената партнерка- Насилник од Свети Николе доби една година затвор

Објавено March 18, 2026 20:00
Сподели
Сподели

Основниот суд во Свети Николе изрече едногодишна затворска казна за 21-годишен маж од селото Сарамзалино, кој брутално ја претепал својата бремена партнерка и противправно ја држел затворена во соба со часови.

Според судската пресуда, насилството се случило во семејниот дом, кога обвинетиот ѝ го одзел телефонот и клучевите од автомобилот и ја заклучил во просторија каде што ја држел околу 15 часа. Во текот на нападот ѝ нанел повеќе телесни повреди.

Во еден момент, кога жената се онесвестила, напаѓачот ја разбудил со студена вода, по што продолжил со физичкото малтретирање.

Судот го прогласил обвинетиот за виновен за кривичните дела телесна повреда и противправно лишување од слобода и му изрекол единствена казна затвор во траење од една година.

Од Основен суд Свети Николе информираат дека пресудата сѐ уште не е правосилна, а обвинетиот останува во притвор до нејзиното конечнo потврдување, но не подолго од 60 дена.

Во меѓувреме, Основно јавно обвинителство Свети Николе соопшти дека поднело жалба на висината на изречената казна, оценувајќи дека санкцијата не соодветствува на тежината на делото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Москва без мобилен интернет: Операторите воведоа привремени рестрикции од безбедносни причини
Следна Статија 19 март е пресвртница за 3 хороскопски знаци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Американец пронајден мртов во Претор

На 11.07.2025 во 10.54 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во монтажен контејнер во с.Претор, ресенско, бил пронајден…

June 13, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава за полицаец од станица за технички преглед во Сарај

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешниработи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична…

October 25, 2024
ХРОНИКА

Криминалец се јавил кај семејството во обид да изнуди пари – трет ден се трага по 43-годишната Лидија

Полицијата ја продолжува потрагата по 43-годишната Лидија Трајковска од скопско Јурумлери, која трет ден се води за исчезната. Според семејството,…

November 10, 2024
ХРОНИКА

Уапсени полицајци – дозволиле студенти од Турција нелегално да престојуваат во земјава

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?