Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зголемувањето на пензиите за 1.000 денари помина на собраниската комисија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Зголемувањето на пензиите за 1.000 денари помина на собраниската комисија
МАКЕДОНИЈА

Зголемувањето на пензиите за 1.000 денари помина на собраниската комисија

Објавено March 19, 2026 15:44
Сподели
Сподели

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на натамошна постапка во Собранието. Со измените, по скратена постапка, се предлага зголемување на сите пензии за 1.000 денари од 1 март годинава.

Пратеничката Ангелинка Петкова од ВМРО – ДПМНЕ посочи дека тоа е четврто изменување на законот, а пензионерите да добија зголемување од 7.000 денари во неполни две години.

Со овие законски измени се предвидува четвртото покачување на сите пензии од 1.000 денари за сите пензионери кои го оствариле правото на пензија до 28 февруари 2026 година, од 1 март да добијат дополнтелни 1.000 денари. Со овие законски измени Владата на Република Македонија ја оствари својата стратешка цел да го подобри стандардот на сите пензионери и овој бенефит од 7.000 денари вкупно покачување на пензиите досега ќе го почуствуваа над 320.000 пензионери, рече Петкова.

Новото законско решение, според пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи од движењето БЕСА, има за цел подобрување на стандардот за пензионерите.

Со овие законски измени како што ветивме и ги реализиравме тие ветувања. Сега сме во последната фаза на реализирање на зголемување на пензиите за 7.000 денари. Претходните фази резултираа со зголемување двапати од по 2.500 денари, сега имаме второ линеарно зголемување за 1.000 денари за сите категории на пензионери. Факт кој има големо значење кај пензионерите и ќе има придобивки за намалување на сиромаштијата, рече Салиу – Фетаи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Савески ја презеде функцијата
Следна Статија Филипче: Нема да дозволам ВМРО да ја руши СДСМ од внатре

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, се чека на евентуални пријави по пошта

Петмина кандидати се пријавиле на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република  Македонија, што истече ноќеска на полноќ, но…

January 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Норт ататик“…. Жерновски не знае што значи скратеницата НАТО (ВИДЕО)

Видео од гостувањето на Андреј Жерновски кај Ландов се шири на социјалните мрежи, откако во разговорот се отвора едно, на…

March 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Прилеп најави две нови економски мерки

Ќе направиме, почитувани прилепчани уште многу работи заедно. Свесен сум дека се живее тешко и нашата желба е тоа да…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кошта ни порача дека е време за чекор напред

Вашата земја е кандидат за членство во ЕУ многу години, време е да се направи чекор напред, вели во официјалното…

May 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?