Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Србија дополнително ја намалува акцизата на дизелот и на бензините
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Србија дополнително ја намалува акцизата на дизелот и на бензините
БАЛКАН

Србија дополнително ја намалува акцизата на дизелот и на бензините

Објавено March 20, 2026 14:32
Сподели
Сподели

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Пред една недела, Србија веќе ги намали акцизите за нафтените производи за 20 проценти, што, според Вучиќ, ја чинело државата 35 милиони евра месечно. Тој откри дека земјата лани собрала околу две милијарди евра од акцизата на нафтените деривати.

Со ова намалување на акцизата, уделот на давачките кон државата во цената на литар гориво се спушти под половина од крајната, малопродажна цена.

Горивата во Србија, кои и пред тоа беа меѓу поскапите во регионов, дополнително поскапеа од почетокот на месецов и избувнувањето на кризата на Блискиот Исток, која предизвика проблеми во снабдувањето во поголемиот дел од светот.

Со новото намалување на акцизата, литар бензин од 98 октани ќе чини 188 динари (околу 1,60 евра), додека евродизелот ќе се продава за 212 динари (околу 1,80 евра). Ова се највисоките цени од јануари 2025 година, кога Нафтена индустрија на Србија (НИС), најголемата нафтена компанија во земјата, беше ставена под санкции од Соединетите Американски Држави поради нејзиното мнозинско руско сопствеништво, потсетува Радио Слободна Европа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секој што може нека работи од дома, енергетската криза доаѓа, велат од Меѓународната агенција за енергија
Следна Статија Почина американскиот актер Чак Норис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Албанија отвора уште еден кластер во преговорите со ЕУ

Во Брисел денеска се одржа третата меѓувладина конференција ЕУ – Албанија, на која за земјата беше отворен Кластерот 6 за…

December 17, 2024
БАЛКАН

Во кањон во БиХ пронајдено тело на судијка

По повеќедневна потрага, членовите на Госката служба за спасување од Сараево го пронајдоа телото на жена, идентификувана како судијка на…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трајанов: Напредокот на Македонија е далеку пред Албанија, Србија и Црна Гора

Лидерот на Демократскиот сојуз – Павле Трајанов во „Само вистина“ говорејќи за трнливиот европски пат на државава рече дека Македонија…

May 27, 2026
БАЛКАН

Вучиќ во Украина: Прва посета од избувнувањето на војната

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа што денеска се одржува во Одеса, потврдија…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?