Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Захарова: Германија го води народот до раб на бездната, нивните компании банкротираат на секои 20 минути
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Захарова: Германија го води народот до раб на бездната, нивните компании банкротираат на секои 20 минути
ЕКОНОМИЈА

Захарова: Германија го води народот до раб на бездната, нивните компании банкротираат на секои 20 минути

Објавено March 21, 2026 16:32
Сподели
Сподели

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека германските власти, со одбивање на испораки на руски енергетски производи од идеолошки и геополитички причини, го водат својот народ „до работ на бездната“.

Захарова изјави дека, и покрај влошувањето на германската економија, официјален Берлин продолжува да ги игнорира последиците од откажувањето од руската енергија, што, како што процени таа, најмногу ги погодува германските граѓани, објави ТАСС.

Според неа, ниту еден современ германски политички лидер не навестил за можноста за враќање на енергетската соработка со Русија, додавајќи дека таквата политика, како што тврди таа, води кон уништување на германската индустрија и економска стагнација.

Таа потсети дека Германија претходно била најголем увозник на руски енергетски производи, што придонело за развојот на индустријата и конкурентноста на германските стоки.

Захарова, исто така, изјави дека откажувањето од тие испораки довело до зголемување на трошоците за бизнис и бран банкроти, тврдејќи дека во Германија банкротира нова компанија на секои 20 минути.

Советот на Европската Унија одобри целосна забрана за снабдување со руски гас во ЕУ од 2027 година, при што увозот на руски течен природен гас ќе биде забранет од 1 јануари истата година, а гасот од гасоводот од 30 септември, 2027 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Паника на бензинските пумпи низ Европа: Во Словенија, возачите користат апликација за да видат каде има гориво
Следна Статија Голем полски трговски ланец потврди дека отвора маркети во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Предлогот за гувернер на Народната банка денеска во Собранието

Претседателката на државата денеска до Собранието треба да достави предлог за нов гувернер на Народната банка, за кој, според најавите,…

May 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поскапеа цигарите, од први јануари повисока акциза

Поскапеа дел од цигарите. Родео, Бос, Давидов и Вест од денес имаат за 10 денари повисока цена. Причината е новите…

October 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во преговори сме со инвеститори за капитален развој за проекти во висина од 5 до 6 милијарди евра, пруги, болници, ски центри

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“ вели дека се преговара за инвестирање на 5 до 6…

April 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓани и фирми должат 36 милиони евра на град Скопје за даноци и такси

Граѓаните и компаниите на Град Скопје му должат над 36 милиони евра за данок на имот и комунални такси, соопштија…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?