Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за обвинувањата на Филипче: Опозицијата манипулира и клевети, граѓаните ја знаат вистината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски за обвинувањата на Филипче: Опозицијата манипулира и клевети, граѓаните ја знаат вистината
ПОЛИТИКА

Мицкоски за обвинувањата на Филипче: Опозицијата манипулира и клевети, граѓаните ја знаат вистината

Објавено March 23, 2026 15:52
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките од страна на опозицијата дека власта не прави доволно за граѓаните, изјави:

„Па да, ја гледав прес-конференцијата на претседателот на СДСМ вчера. Таму тој се повика на мерките коишто биле преземени за време на КОВИД кризата и пандемијата. И правеше разлика и споредба на оваа мерка со тие мерки и по што тие ќе останеле запомнети. Но заборави да каже дека единственото нешто по коешто ќе бидат, од тогаш запомнети е фактот што како држава, најлошо се справивме со КОВИД пандемијата. Односно имавме најголем број смртни случаи по глава на жител, споредено со сите европски земји. Заборави да ја спомне мерката неколку десетици милиони евра уплатени на „Стабри“ компанијата од Хонгконг, којашто наместо специјализирана за набавка на вакцини е специјализирана за трговија со јужно овошје. Заборави да каже за бруталниот поткуп на изборите во 2020 година кога со уредби со сила на закон се менуваа закони во пет до дванаесет. Заборави да ја спомне и трагедијата во модуларната болница овде, кога луѓе живи гореа. Бидејќи тие модуларни болници се дел од мерките што Владата на СДСМ и ДУИ ги носеше во тој период. Заборави да каже за сите оние провизии од тендери. Заборави да каже како коленичеа на граница да добијат 5.000 вакцини донација од соседна Србија. Заборави да каже како македонските граѓани во отсуство на грижа од страна на Владата, коленичеа во соседството да добијат и да аплицираат вакцина против КОВИД пандемијата. И заборави, три точки, уште многу работи да каже. Тоа нема да го слушнете на лажните и клеветнички прес-конференции на опозицијата. Но затоа ќе слушнете како конструираат и измислуваат, но граѓаните гледаат. Тие повторно ги навредуваат граѓаните и мислат дека политиките на СДСМ и ДУИ од минатото, можат да ги споредуваат со политиките од оваа Влада. А граѓаните тоа го гледаат и впрочем тоа го кажаа на претходните локални избори, а ќе го кажат и тоа на следните парламентарни избори.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Д-р Кедев ќе добие поштенска марка „14 највисоки врвови“
Следна Статија Мароко летово ќе биде една од најевтините дестинации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Локални избори 2025: Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до Општинските изборни комисии

Сите оние кои што сакаат да се кандидираат на Локалните избори 2025 година закажани за 19 октомври, своите кандидатури за…

September 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од регулаторот зависи дали струјата ќе поскапи, рече Мицкоски

Околу евентуалното зголемување на цената на струјата од јануари, премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата и понатаму ќе ја субвенционира…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Дрисла е децениски проблем, интензивно работиме на решавање на проблемот

„Ако мислите на ова што се случува на депониите и палењето на истите, можам да кажам дека после успешно завршената…

September 11, 2025
ПОЛИТИКА

Росоман на пат кон промени: Мицкоски повикува на доверба за бројот 9

На денешниот настан во општина Росоман под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамки на…

October 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?