Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходно е уставна измена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходно е уставна измена
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходно е уставна измена

Објавено March 24, 2026 19:07
Сподели
Сподели

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски во изјава за медиумите истакна дека со премиерот Христијан Мицкоски имаат заеднички став дека неопходни се институционални реформи и дека треба да се создадат услови за таквите реформи.

„За воведување на уставна тужба неопходно е уставна измена. Значи, само со уставна измена може да се воведе таква надлежност на Уставниот суд, бидејќи Уставниот суд на Македонија е единствен на европско тло што нема закон за уставен суд. Значи, шест уставни одредби и акт на судот. Толку. Правната рамка е таа. Неопходно е тие шест уставни одредби да се операционализираат со закон, но не било каков закон. Двотретински закон за да ја гарантира самостојноста и независноста, но и за тоа е потребна уставна измена. Значи, и за закон треба уставен основ за таков закон, што ќе се носи со двотретинско мнозинство, и за воведување на уставната тужба потребни се уставни измени, но, како што кажа и претседателот на владата, кај нас отварањето на уставот е секогаш чувствително прашање и тема, и затоа конечниот заклучок, барем според мене, е дека кога ќе се создадат услови, тогаш и ќе пристапиме кон таква институционална реформа“, изјави Костадиновски.

На прашањето кога ќе се создадат услови, премиерот Мицкоски изјави дека промената на Уставот е политичка тема и дека во моментот владата не размислува за отварање на Уставот.

„Промена на Устав е политичка тема. Која што во случајов вклучува правна тема, односно потребата да конечно Уставниот суд некако добие своја тежина во самиот Устав, замислете Уставен суд нема своја тежина во самиот Устав. Од првиот момент на осамостојување до денес ова се провлекува. И сега ние сме дојдени до ситуација кога тоа што претставува товар на минатото треба да го решаваме и ќе го решиме кога ќе се создадат политички услови. Сега во моментот такви политички услови не се создадени. Еве да бидам попрецизен.

Претпоставувам дека самиот Уставен суд веќе размислува како отприлика би изгледала архитектурата на тој специјален закон, којшто ќе ги опфати и овие институти како што е Уставната тужба и така натаму. Така што, се надевам дека наскоро денеска може да се излезе со таков предлог закон, да се има јавна дебата, да се слушне и мислењето на јавноста, на стручната јавност, на останатите би рекол стејкхолдери и нормално да имаме еден готов документ којшто, како што рековме, кога ќе има политички услови за такво нешто, да биде апсолутно донесен. Но ќе повторам, во моментот владата не размислува за отварање на Устав и политичките услови за отварање на Уставот не се исполнети“, изјави Мицкоски. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонските фудбалери пристигнаа во Копенхаген
Следна Статија СДСМ на 7 јуни ќе одржи Конгрес – Филипче најавува нова програма и регионална „Скопска иницијатива“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бајрамска порака на Реисот Шаќир Фетаи

„Спасен е оној кој се очистува, кој го спомнува името на својот Господ и клања намаз.“ (Ал-А’ла – 14, 15)…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓански организации бараат дислокација на цементарница Усје и најавуваат протест

Граѓаните повеќе не сакаат да чекаат на надлежните, бараат итна дислокација на Цементарница „Усје“ за која сметаат дека е причина…

December 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Електро-енергетскиот сектор стабилен, единствен предизвик цената на мазутот

Електро-енергетскиот сектор вo државата е стабилен, во функција се блоковите во термоелектраната Битола 1 и 3. На депонија во Битола…

March 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?