Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ќе поведам регионална иницијатива за здружување инвестиции во енергетиката, која ќе има потенцијал од неколку милијарди евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Ќе поведам регионална иницијатива за здружување инвестиции во енергетиката, која ќе има потенцијал од неколку милијарди евра
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ќе поведам регионална иницијатива за здружување инвестиции во енергетиката, која ќе има потенцијал од неколку милијарди евра

Објавено March 25, 2026 10:16
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско интервју најави дека ќе иницира регионална иницијатива за здружување инвестиции во енергетиката, која ќе има потенцијал од неколку милијарди евра.

Мицкоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ говореше за можноста регионот заеднички да настапува во поглед на привлекување на идните енергетски инвестиции за задоволување на доаѓачките потреби во светот. Премиерот потсети на последното свое учество во рамките на Светскиот eкономскиот форум во Давос. Тој посочи дека на една од панел-дискусиите имал можност заедно да учествува со Фатих Бирол од Светската енергетска агенција, американскиот секретар за енергетика, првите луѓе на АЕС и АРАМКО, а главна тема на дискусијата биле енергетските предизвици во светот во иднина.

– Бирол посочи дека потребите за енергија во светот во следната деценија ќе растат, но потребите за електрична енергија ќе растат два и пол пати побргу отколку вкупните потреби за енергија. Следната деценија ќе недостигаат речиси 40.000 теравати инсталиран капацитет во светот. За да имаме чувство што значи оваа бројка, таа е моментниот инсталиран капацитет на САД, Канада, ЕУ и на Јапонија заедно. Толку ќе треба да се изгради нов инсталиран капацитет во светот следната деценија – рече премиерот.

Ако ние како држава, потенцира Мицкоски, се појавиме со иницијатива, може никој нема да нè препознае, но ако се појавиме како регион Западен Балкан, бидејќи далноводите и гасоводите немаат шенген-правила, и да привлечеме само 0,1 % од тие 40.000 теравати да изградат тука такви капацитети, тоа се 4 теравати.

– Цената на чинење на еден инсталиран мегават е 1 милион американски долари. Ние зборуваме за 4 милиони мегавати помножено со 1 милион долари, тоа се 4 трилиони американски долари. Ако го поделиме тоа на 10 години, доаѓаме на 400 милијарди американски долари годишно. Вкупниот номинален БДП на сите шест балкански земји е 250 милијарди долари. А јас ви велам само 0,1 % да успееме да донесеме од ова што ќе му треба на човештвото во следната деценија – објасни премиерот.

Мицкоски дополни дека разговарал со дел од своите колеги за оваа можност и најави дека за тоа сака да дискутира со сите земји од регионот на следниот состанок ЕУ – Западен Балкан во Подгорица и од тоа да произлезе регионална иницијатива.

– Предлог ми даде и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски да ја брендираме со име SECI (Skopje Еlectricity Connectivity Initiative), така да ја именуваме и тука да го направиме првиот состанок, во кој сите ние ќе предложиме проекти, кои потоа ќе бидат дел од тој регионален „пул“ на проекти што ние ќе им го нудиме на странски инвеститори. Притоа да дефинираме приоритети, од наша страна овој е тимот, од албанска страна е друг, од српска е трет, црногорска, косовска, босанска, да формираме тимови и да се поделиме на разни центри во светот и да го претставиме она што ние го нудиме како регион во делот на инвестициите. Тоа е корисно и за Европа, но и ние како регион да покажеме политичка порака дека ние можеме да се обединиме за повисока цел и можеме заедно да работиме – заклучи Мицкоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коста Кецмановиќ ќе говори на судењето на неговите родители
Следна Статија Mицкоски најави дека ќе ги смени оние што не работат доволно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Совет на Народната банка: Растот на домашната економска активност е стабилен

Советот на Народната банка го усвои најновиот Квартален извештај − најважните сегменти од економијата се во согласност со очекувањата Советот…

August 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, денеска беше именуван за нов генерален директор на британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си.…

March 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од први јануари струјата поскапува за 2,28 отсто

д 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто…

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски со видео порака: Следната година ќе овозможиме субвенции за купување на нови велосипеди

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на својот Фејсбук профил објави видео со кое најавува нови мерки за унапредување…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?