Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

Објавено March 25, 2026 16:01
Сподели
Сподели

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 членови на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска се иззеде од точката на дневен ред.

Судиите, членови на Судскиот совет, кои ја поддржаа кандидатурата на Дика-Георгиевска, истакнаа дека таа ги исполнува сите услови за уставен судија, дека станува збор за професионалец кој има познавање на судовите од прв степен до највисоките судови, има личен и професионален интегритет, долгогодишно искуство, а дала и придонес за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем.

Судијката Елизабета Дуковска, која повторно се кандидираше за уставен судија, не ја доби поддршката од членовите на Судскиот совет, поради недоволен број години работно искуство, а една од забелешките се однесуваше и за придонесот за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем во последните години.

Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира Судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор. Судиите ги избира Собранието за време од девет години без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЗНМ реагира на однесувањето на новинарот кон министерката Јаневска
Следна Статија Труење во кујната на РЕК Битола – Над 80 лица побарале лекарска помош откако јаделе лазањи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Паѓа ли Законот за јазици на Уставен?

Уставниот суд попладнево соопшти дека го добил мислењето од Венецијанската Комисија во врска со предметите во коишто се оспорени одредби…

March 31, 2026
МАКЕДОНИЈА

Засега потврдени осум од 17-те кандидатури за градоначалник на Скопје

Изборната комисија на Град Скопје за МИА информира дека досега се поднесени вкупно 17 кандидатури за градоначалник, од кои осум…

September 20, 2025

Надградена безбедносната контрола на Скопскиот аеродром, инвестиција од милион евра

Со инвестиција од милион евра надградена е безбедносната контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, каде денеска беа пуштени два нови уреди…

July 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Директорот на АНБ ги исполнува условите согласно законот, тврди премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски ги исполнува условите согласно законот. Ја повика…

October 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?