Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анестезиолошки техничар од ТОАРИЛУЦ и лидер на „Христијанско братство“ е уапсениот за вчерашното убиство во Охрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Анестезиолошки техничар од ТОАРИЛУЦ и лидер на „Христијанско братство“ е уапсениот за вчерашното убиство во Охрид
ХРОНИКА

Анестезиолошки техничар од ТОАРИЛУЦ и лидер на „Христијанско братство“ е уапсениот за вчерашното убиство во Охрид

Објавено March 28, 2026 14:34
Сподели
Сподели

Анестезиолошки техничар од универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ, во одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување, е приведениот за убиство на 76-годишен охриѓанец, чие безживотно тело вчера наутро беше пронајдено во неговиот дом во Охрид.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), станува збор за 53-годишниот Жарко Гроздановски, медицинско лице кое ѝ било познато на полицијата.

„Според официјалните податоци и евиденциите на СВР Тетово, досега против лицето Ж.Г. е евидентирано само едно кривично дело загрозување на сигурноста преку компјутерски систем. Освен овој конкретен случај, за лицето не постојат записи за други претходни санкции или кривични постапки со правосилен исход“,велат од МВР.

Гроздановски бил лишен од слобода вчера во 17:20 часот откако претходно во МВР било пријавено дека на улицата „Нада Филева“ во Охрид, во неговиот дом, без знаци на живот е пронајден К.М. (76).

Од Јавното обвинителство велат дека денеска се работи на обезбедување докази во врска со случајот и оти во текот на денот ќе излезат со информации.

Инаку, Жарко Гроздановски е лидер на организацијата „Христијанско братство“ и против него во 2019 година е поднесена кривична пријава за упатување смртни закани кон тогашниот премиер Зоран Заев. Тој во видеообраќање објавено на социјалните мрежи освен за Заев и за експремиерот Никола Груевски вели дека е предавник.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт
Следна Статија Мицкоски: Големата доверба од граѓаните значи дополнителна мотивација за работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

ОГРАБЕНО КАЗИНО ВО ЧАИР Разбојникот одзел 1,46 милиони денари

Вчера е ограбено казино на подрачјето на општина Чаир, соопшти полицијата. Како што е соопштено вооружен маж му се заканил…

April 13, 2025
ХРОНИКА

Девојка паднала од балкон во Тетово, со тешки повреди е пренесена на лекување во Скопје

Девојка на возраст од околу 20 години вчера паднала од балкон во Тетово, а полицијата по наредба од јавен обвинител…

March 15, 2026
ХРОНИКА

Тошковски: Ковачевски не е достапен за полицијата и не се откажал од македонското државјанство

Поранешниот директор на Електрани на Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски е недостапен за полицијата. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги…

December 11, 2024
ХРОНИКА

Уапсен кавадарчанец, возел пијан и престигнал колона возила кои чекале на црвено светло на семафор

Вчера во 15:30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 48-годишниот П.К.…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?