Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Мицкоски ја призна изолацијата, со оваа власт Македонија нема да стане членка на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Мицкоски ја призна изолацијата, со оваа власт Македонија нема да стане членка на ЕУ
ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски ја призна изолацијата, со оваа власт Македонија нема да стане членка на ЕУ

Објавено March 29, 2026 21:56
Сподели
Сподели

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) смета дека ставот на премиерот Христијан Мицкоски оти е подготвен да чека со децении без уставни измени, практично значи дека под оваа власт Македонија никогаш нема да стане членка на Европската Унија.

Ова, според СДСМ, е „најсилно признание за изолацијата“ во која се наоѓа земјата.

„Ова значи со децении загарантирана сиромаштија, уште поголемо иселување на младите, криминал и корупција без контрола врз грбот на граѓаните“,се наведува во партиското соопштение испратено како реакција на денешната изјава на премиерот.

Тие го обвинија Мицкоски за носење часовници вредни 60 000 евра, што според нив се рамни на 150 минимални плати, за бизнис мрежа и тендер коалиција која врти милиони, додека истовремено на работниците им им вели дека ќе чека децении.

„Напатениот народ и работниците кои едвај врзуваат крај со крај, со ниски плати и високи цени, ќе бидат принудени да земаат бугарски пасоши за спас“,велат од СДСМ.

Опозицијата тврди дека единствената цел на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и движењето ЗНАМ е поделба на „криминални тендери“, а народот да трпи.

СДСМ потсетува и на предизборните ветувања на власта, обвинувајќи дека Мицкоски ги излажал граѓаните за враќање на името и за обезбедување подобра преговарачка рамка.

„Мицкоски клечеше и молеше за власт, а сега поради него Македонија е на колена. Предадени се националните интереси“,додаваат од опозициската партија во соопштението.

Реакцијата од СДСМ доаѓа откако денеска Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за европскиот пат на Македонија, рече оти актуелната Влада нема да попушти пред барањата за уставни измени доколку не добие јасни гаранции за евроинтегративниот процес. Воедно, тој упати и критика за начинот на кој претходната влада ја водела надворешната политика прифаќајки го условот за внесување на бугарското малцинство во Уставот на земјава.

Мицкоски потврди дека нема да прифати процеси кои директно удираат врз македонскиот идентитет, а притоа не нудат предвидливост за државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Синот на осомничениот за убиството во Охрид: Наместо разбирање има медиумски линч
Следна Статија Ле Риголер: Преговарачката рамка не се менува, уставните измени се клуч за напредокот кон ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Она што го прави Левица за Изборниот законик е театар за нивниот мал број гласачи

 Премиерот Христијан Мицкоски се уште го чека предлогот на опозицијата за Изборниот законик, со цел тој да биде донесен, а…

July 9, 2026
ПОЛИТИКА

ДУИ продолжува со заканите за политичките тензии околу законот за јазиците

Демократската унија за интеграција не можејќи да се помири што по повеќе од 20 години отиде во опозиција, продолжува со…

March 9, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од криминалот во РЕК Битола

Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од криминалот во РЕК Битола. Десетици милиони евра испумпаа фирми…

December 7, 2024
ПОЛИТИКА

ДУИ: Јавното обвинителство е дефинитивно заробено

Демократската унија за интеграција со најголема загриженост ја следи одлуката на Јавното обвинителство да покрене обвинение против поранешните министри за…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?