Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На Клиниката за гастроентерохепатологија воведени две нови процедури со кои ќе се скрати времето во болница и ќе се овозможи попрецизна дијагностика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > На Клиниката за гастроентерохепатологија воведени две нови процедури со кои ќе се скрати времето во болница и ќе се овозможи попрецизна дијагностика
ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за гастроентерохепатологија воведени две нови процедури со кои ќе се скрати времето во болница и ќе се овозможи попрецизна дијагностика

Објавено April 1, 2026 18:58
Сподели
Сподели

На скопката Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија воведени две нови процедури со кои ќе се скрати времето поминато во болница и ќе се овозможи попрецизна дијагностика. Станува збор за апликација на ендоскопски стент под контрола на ендосонографија (LAMS) кој е воведен првпат во државава во обновениот ендоскопски кабинет, а како што најавија од Клиниката, утре ќе се изврши спајглас холангиоскопијата. Станува збор за две нови интервентни процедури во Клиниката.

Директорката на Клиниката, проф.д-р Мери Трајковска во изјава за медиумите додека се аплицираше ендоскопски стент под контрола на ендосонографија (LAMS), рече дека во спроведувањето на методите имаат поддршка од проф. д-р Петко Караѓозов, професор по гастроентерохепатологија во Клиничката болница Аџибадем (Tокуда) во Софија.

Доктор Владимир Андреевски од Клиниката за гастроентерохепатологија изјави дека кај нив од пред две години се работи директна перорална холангиоскопија, но таа метода има повеќекратни предности особено во делот на детекција и правилно дијагностицирање на пациентите кои имаат стенози на жолчните канали на билијарното стебло, кај кои постои висок ризик добар дел од нив да се малигни.

Праксата и статистиката, појасни тој, покажува дека 20 до 25 отсто се недетерминирани и таквите пациенти може да бидат пропуштени односно да бидат ненавремено упатени на хирургија.

Спајглас холангиоскопијата која ќе ја почнеме утре ќе ни овозможи да ја прецизираме дијагностиката и на тој начин да им ја олесниме работата на колегите од дигестивна хирургија со хистопатолошки верифицирани холангиоцелуларни карциноми да ги прифаќаат пациентите за оперативен третман. Во делот на ендосонографија и денешното пласирање на LAMS првпат во Македонија има повеќекратни предности. Според статистиката, во САД еден хируршки третман, хируршка дренажа на ваква псевдоциста на панкреас и некроза во просек чини 15000 до 25000 долари со хоспитализација, лапароскопски кога е правена во период во просек од шест дена. Ова што денеска се воведе подразбира трошоци во САД од 7000 до 9000 долари и хоспитализација од два дена. Разликата е драстична, рече доктор Андреевски.

Проф. д-р Петко Караѓозов изјави дека со примена на двете нови техники со кои се укинува долгиот престој во болница и тешкото закрепнување на пациентите и нивно брзо заминување дома.

Одговарајќи на новинарско прашање директорката Трајковска рече дека имаат многу пациенти, 40 во општа амбуланта и уште најмалку 100 во другите амбуланти.

Имаме две одделенија кои се секогаш преполни. Имаме околу 45 кревети кои не се доволни за пациентите кои доаѓаат, бидејќи ние хоспитализираме само тешки пациенти од цела Македонија заедно со ГОБ „8 Септември“, додаде проф. д-р Трајковска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Саздов просведочи за кобниот момент: Ја видов Ивана како стои со Катја на тераса, одма сфатив што ќе направи
Следна Статија Филипче: Ќе ги известам сите евроамбасадори во земјава дека премиерот го блокира европскиот пат на земјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клековски: Секој четврти граѓанин е осигуран по основ лице без приходи

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски истакнува дека системот во земјава е инклузивен, сеопфатен и насочен кон тоа…

April 21, 2026
ЗДРАВЈЕ

(ФОТО) Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари

Реконструкција на трите лабаратории и платото пред влезот, набавка на современа опрема, едукација на доктори и акушерки се само дел…

December 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

На повеќе од 100 медицински сестри на државно ниво вчера им истече договорот за работа

Над 100 медицински сестри од кои 56 само во Прилеп од вчера останаа без договори за вработување. Иако без договори,…

February 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Првпат мајка на 61 година – на Гинекологоја се породи највозрасната прворотка

Жена на возраст од 61 година го родила своето прво бебе на Клинката за гинекологија во Скопје Директорката на Клиниката…

November 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?