Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените на лебот и пецивата остануваат на исто ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цените на лебот и пецивата остануваат на исто ниво
ЕКОНОМИЈА

Цените на лебот и пецивата остануваат на исто ниво

Објавено April 2, 2026 19:02
Сподели
Сподели

Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 отсто во државата, а претставниците и членовите на Коморите од мелничко пекарската индустрија одлучија цените на лебот и пецивата да не се покачуваат, односно, да останат на исто ниво и во следниот период, до крајот на април, при што состојбите континуирано ќе се следат и ќе се анализираат.

Ова беше заклучено на денешниот работен состанок во Министерството за економија на Групациите од мелничко пекарската индустрија на коморите и нивните членови – Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, со заменик министерот Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски.

-Министерството за економија и Владата, се заложија заеднички да се следи состојбата и, во случај на влошување на ситуацијата со цените на нафтата и нафтените енергенси, заедно со мелничката индустрија да изнајдат заеднички решенија како би се релативизирала опасноста во оваа индустрија од зголемување на цените. Исто така, мелничко пекарска индустрија до сите медиуми и политички чинители во Македонија замолува да не се користи оваа сложена ситуација со цените на лебот и пецивата за создавање паника и несигурност кај граѓаните, затоа што со тоа се наштетува и на граѓаните и на компаниите, се вели во соопштенија од Стопанската комора и Сојузот на стопански комори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Европа мора веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија
Следна Статија Затвореници се тепале во Идризово, еден ранет со остар предмет пренесен во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Колку е штетен пестицидот пронајден во македонската зелка?

„Имидаклоприд“ кој го најдоа хрватските власти во македонската зелка е синтетички пестицид од класата на неоникотиноиди, познат по својата висока…

January 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Евентуалниот раст на минималната плата да се договори преку дијалог

За секој сектор во секоја дејност се надеваме дека работниците и синдикатите ќе препознаат дека треба да се органзираат како…

March 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Реплек ја отвори својата подружница – КА информативниот центар – прв центар за информирање за производите на база на медицински канабис

„Реплек“ ја отвори својата подружница - КА информативен центар, наменет за информирање за производите на компанијата на база на медицински…

November 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Дигитализацијата во УЈП штеди време – илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги

Управата за јавни приходи континуирано ја унапредува соработката со даночните обврзници и инвестира во современи услуги што се брзи, сигурни…

August 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?