Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фицо и Орбан бараат ЕУ да ги укине санкциите за руската нафта и гас за да се надмине кризата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Фицо и Орбан бараат ЕУ да ги укине санкциите за руската нафта и гас за да се надмине кризата
СВЕТ

Фицо и Орбан бараат ЕУ да ги укине санкциите за руската нафта и гас за да се надмине кризата

Објавено April 4, 2026 19:04
Сподели
Сподели

Европската Унија мора да ги укине санкциите за увоз на руска нафта и гас, да преземе чекори за обновување на гасоводот „Дружба“ и да ја прекине војната во Украина за да се справи со енергетската криза што произлезе од конфликтот во Иран, соопшти словачкиот премиер Роберт Фицо по денешниот телефонски разговор со својот унгарски колега Виктор Орбан.

ЕУ, а особено Европската комисија, мора веднаш да го продолжат дијалогот со Русија и да обезбедат политичко и правно опкружување во кое поединечните земји-членки и ЕУ како целина можат да ги пополнат резервите на гас и нафта што им недостасуваат и да дозволат снабдување со овие стратешки суровини од сите можни извори и насоки, вклучително и од Русија, вели Фицо во изјавата до медиумите по разговорот со Орбан.

И унгарскиот премиер, исто така, ја поддржа позицијата дека ЕУ треба да ги укине санкциите за руските енергенси. Во видео порака објавена денеска на социјалните медиуми, Орбан истакнува дека разговарал со Фицо за „критичната ситуација“ со енергијата во Европа.

Се приближува сериозна енергетска криза, која се продлабочува со секој изминат ден. Европската економија е загрозена од недостиг на енергетски ресурси и, како резултат на тоа, од зголемување на цените. Секој ден е важен. Затоа бараме Брисел веднаш да ги укине санкциите и ограничувањата наметнати врз руската енергија, предупреди унгарскиот премиер.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еден лек недостига на Онкологија, но од ФЗО најавуваат брзо решавање на проблемот
Следна Статија Запоставувањето на нуклеарната енергија во минатото било стратешка грешка, кажа Урсула фон дер Лајен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Бил Клинтон пуштен од болница

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е отпуштен од болница во Вашингтон откако се лекувал од грип, изјави денеска заменик шефот…

December 24, 2024
СВЕТ

Анализа на РСЕ: Четири заклучоци од катастрофата во Овалната соба

Договорот за минерали остана без потпис, но поголемо прашање е дали САД ќе се оддалечат од Украина. Лошиот исход од…

March 1, 2025
СВЕТ

Украинците по преговорите: Зеленски би се сретнал со Путин утре доколку може

Русија и Украина ги исполнија сите хуманитарни договори постигнати за време на втората рунда разговори во Истанбул минатиот месец, изјави…

July 24, 2025
СВЕТ

Папата Франциск во „критична“ состојба

Светата столица соопшти дека здравствената состојба на папата Франциск останува критична, откако утринава претрпел долготрајна астматична респираторна криза. „Светиот Отец…

February 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?