Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Која е фирмата што ќе копа антимон со парите од САД?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Која е фирмата што ќе копа антимон со парите од САД?
ЕКОНОМИЈА

Која е фирмата што ќе копа антимон со парите од САД?

Објавено April 8, 2026 17:41
Сподели
Сподели

Австралијанец со потекло од Македонија е сопственикот на фирмата кој нашата делегација го однесе на стратешкиот дијалог со САД, за да потпише договор за финансиска поддршка во износ од пет милиони долари за истражување критични минерали во Македонија.

Станува збор за Ник Јовановски, извршен директор на „Пела глобал лимитед“, фирма чија главна стратшка цел е наоѓање злато, сребро и антимон во Македонија, која веќе е инсталирана тука и длабоко навлезена во бизнис водите во државава поврзани со минералите и енергетиката.

„Призма“ неодамна објави дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија формирала заедничка фирма со „Пела глобал лимитед“ за производство на електрична енергија од обновливи извори, при што влогот на МПЦ бил 20 отсто, а на австралиската компанија 80 отсто. Она што е битно исто така е дека МПЦ не плаќа даноци во државата, а наголемо формира фирми со странски партнери зад кои стои привилегирана релација со актуелната политичка гарнитура.

Според соопштението од Владата, со овој договор во Вашпингтон се отвораат можности за „понатамошни инвестиции, истражувања и технолошки развој во согласност со глобалните трендови за обезбедување алтернативни извори на критични суровини“.

Граѓаните на социјалните мрежи масовно реагираа на веста, обвинувајќи за распродажба на рудните ресурси, со клучно прашање – ако има вредни метали зошто не ги копаме ние, туку им ги даваме на Американците? Од овие информации сега испаѓа дека им ги даваме на Австралијанци со блиски врски со МПЦ, а преку неа и со власта.

Николче (Ник) Јовановски е само еден од директорите на „Пела глобал лимитед“, австралиска фирма која работи на проекти за рударство и обновлива енергија низ Југоисточна Европа. На страницата на „Пела глобал лимитед“ стои дека стратегија на оваа компанија е унапредувањето и развојот на проектот за рестартирање на рудникот за кристалот антимон во Крстов Дол, кај Крива Паланка и проектот за пронаоѓање злато кај кривопаланечко Луке.

Во кратката биографија за Јовановски пишува дека течно говори македонски, член е на дијаспората и клучен за успехот на „Пела глобал лимитед“ како нејзин основач и извршен директор уште од нејзиното основање.

На веб страницата на компанијата пишува дека „Луке КП лежи во рамките на српско-македонскиот масив, клучна геолошка карактеристика на Балканскиот Полуостров што се преклопува со богатиот со минерали Тетиски металоген појас – глобално значајна зона позната по тоа што содржи минерални наоѓалишта од светска класа. Овој регион се протега низ Србија, Северна Македонија, Косово и Албанија и е познат по своите разновидни карпести формации и значителен минерален потенцијал. Во рамките на масивот, различни тектонски единици, како што се Скопската зона и Пчиња-Тополничката зона, покажуваат уникатни структурни и литолошки карактеристики кои се совпаѓаат со трендовите на минерализација забележани во Тетискиот појас. Овие поволни геолошки услови го позиционираа проектот Луке КП како ветувачка можност за истражување и развој во рамките на еден од најперспективните металогени појаси во светот“.

Според проценките на фирмата „производството на концентрат од антимон во Македонија има потенцијал да стане една од најголемите операции за рударство на антимон во светот“.

Рудникот Крстов Дол беше затворен во 1981 година поради ниските цени на антимонот, што сега не е случај. Иако претходно биле извадени приближно 50.000 тони руда, во извештајот се наведува дека има ресурс од 2.916.000 тони, заедно со неистражените паралелни структури.

Потпишувањето на договорот инаку се реализира во рамките на официјалната посета на владината делегација на Соединетите Американски Држави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
Следна Статија Ацо Ристов избран за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Објавени најдобрите 25 светски компании, меѓу нив нема ниту една од Европа

Извештајот на PwC, една од најголемите светски ревизорски и консултантски фирми, за најголемите светски компании според пазарната капитализација покажува драматична промена…

October 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

За само три месеци банките ќариле над 72 милиони евра, колку милиони искеширале граѓаните за камати?

Роди ме мајко со ксмет банкар да станам. Вака може да се протолкува старата народна за македонски услови. Додека стопанството…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Владата не е против зголемување на минималната плата, но тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите

„Денешната седница на Економско-социјалниот совет ја потврдува нашата заедничка определба – клучните економски и социјални прашања да ги решаваме преку…

December 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Прв лет Скопје-Мадрид

Скопје од денеска се поврзува воздушно со Мадрид, со директната авилинија што ќе ја опслужува нискобуџетната компанија „Виз ер“. Првиот…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?