Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пожарот во „Пулс се раширил за само 30 секунди предизвикувајќи стампедо кон единствениот излез
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пожарот во „Пулс се раширил за само 30 секунди предизвикувајќи стампедо кон единствениот излез
ХРОНИКА

Пожарот во „Пулс се раширил за само 30 секунди предизвикувајќи стампедо кон единствениот излез

Објавено April 9, 2026 12:46
Сподели
Сподели

Околу 2 и пол започна огинот и им реков на другарите да излезат, тие не беа свесни сè уште, ја фатив девојка ми и ја избутав заедно со нејзината другарка. На масата остана таа не сакаше да излезе и јас и нејзиниот дечко ја фативме за раката, позади нас имаше девојчиња на маса, не беа сè уште свесни дека гори. Се истуркавме до излезот каде што се заглавивме малку и ако подзакасневме 8 до 12 секунди немаше да излеземе. Надвор беше хаос и имаше многу луѓе. – изјави сведокот Мартин Димитров на денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“.

Според сведочењето на преживеаните за трагедијата во Кочани, пожарот се раширил за само 30 секунди предизвикувајќи општ хаос и стампедо кон единствениот излез, Сведоците, пред судот го истакнаа она што претходно и други сведоци во постапката го имаат посочено, а тоа е дека пожарот настанал по активирање на пиротехнички средства, по што настапило стампедо кон единствениот отворен излез.

Сведокот Мартин Димитров пред судот истакна дека пожарот започнал околу 2:30 часот, по што веднаш почнал да се евакуира заедно со неговата девојка. Тој посочи дека надвор било хаос и дека таа вечер, според негова проценка, во „Пулс“ имало околу 600 до 700 луѓе.

– Околу 2 и пол започна огнот и им реков на другарите да излезат, тие не беа свесни сè уште, ја фатив девојка ми и ја избутав заедно со нејзината другарка. На масата остана таа не сакаше да излезе и јас и нејзиниот дечко ја фативме за раката, позади нас имаше девојчиња на маса, не беа сè уште свесни дека гори. Се истуркавме до излезот каде што се заглавивме малку и ако подзакасневме 8 до 12 секунди немаше да излеземе. Надвор беше хаос и имаше многу луѓе. Додека бев на првата скала се свртев назад и сѐ беше темно, почнаа да пукаат најверојатно светилки – изјави Димитров.

Во обидите за гаснење на пожарот го забележал само сега починатиот фотограф Александар Ѓорѓиев, кој се обидувал да го изгасне огнот фрлајќи чаша со вода нагоре и нагласи дека не забележал противпожарни апарати, ниту хидранти, освен стрелки за излез над единствената врата. Димитров посведочи дека во спасувањето на присутните помагале повеќе лица, меѓу кои и обвинети во предметот.

Присуство на малолетници во објектот потврди сведокот Анастасија Илиева, која истакна дека на влезот не им биле побарани лични карти. Посочи дека критичната вечер била во дискотеката со четири другарки, од кои две малолетни.

Илиева појасни дека околу 2 часот започнал настапот на групата ДНК, а половина час подоцна се вклучиле пиротехничките средства.

-Околу два и пол се вклучија пиротехничките средства, јас бев на друга маса со други другари и пејачот кажа дека се запалило, мислевме дека е нешто мало, ние не приметивме, мислевме дека ќе се спречи. Тргнавме да излегуваме надвор, меѓутоа настана стампедо – рече Илиева.

Изјави дека изгубила свест помеѓу вратата и тоалетот, по што била спасена преку дупка направена во ѕидот. Опишувајќи го моментот пред да изгуби свест, рече дека забележала густ чад и чуден мирис.

Додаде дека чекала неколку секунди откако пејачот на ДНК на микрофон кажал дека има пожар, претпоставувајќи дека некој ќе ја отвори задната врата, бидејќи најверојатно била заклучена. Илиева посочи и дека доброволно го предала својот мобилен телефон на обработка, на кој имала снимка од моментот кога се вклучуваат пиротехничките средства и почнува да гори.

Претходно на денешното рочиште, друг сведок кој бил гостин таа вечер посочи дека пожарот се раширил низ целиот плафон за само 30 секунди, што предизвикало хаос во дискотеката. Тој наведе дека бил спасен од лице од обезбедувањето и пожарникар, откако врз него паднала ПВЦ врата и имало седум луѓе врз него.

Судењето за пожарот во „Пулс“ се наоѓа во фаза на доказна постапка. На претходното рочиште, одржано на 6 април, сведочеше Наско Карадаковски, татко на починатиот Александар Карадаковски, кој пред судот изнесе тврдења дека неговиот син бил назначен за управител „за да не пропадне лиценцата“ на објектот, без да ги знае вистинските одговорности.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевски и се наоѓа во фаза на доказна постапка и продолжува со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредении претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израел продолжува со нападите: Најсмртоносниот ден во Либан, 250 убиени, повеќе од 1000 ранети
Следна Статија Новоизбраните вицегувернери дадоа свечена изјава во Собранието

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Таткото на Васил Јованов недостапен за судот, а ОЈО го награди со поблаго кривично дело

Таткото на Васил Јованов, кој во јануари годинава на пешачки премин ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, денеска не се…

June 24, 2025
ХРОНИКА

Ужас: Штипјанец ја убил својата мајка синоќа во Македонија

Штипјанец синоќа ја убил мајка си во домот. Според информации на М Нет-ТВ лицето било во алкохолизирана состојба, а не е јасен…

August 8, 2025
ХРОНИКА

Четири години земал мито по 200 евра: Референт од Македонски шуми заврши во притвор

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за продолжено кривично дело – Примање поткуп од член…

November 12, 2024
ХРОНИКА

Кривична пријава за градоначалник

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?