Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Објавени условите на Иран за договор со САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Објавени условите на Иран за договор со САД
СВЕТ

Објавени условите на Иран за договор со САД

Објавено April 11, 2026 19:07
Сподели
Сподели

Во пакистанската престолнина денеска започнаа преговори на високо ниво меѓу Иран и САД, прва ваква билатерална средба од 1979 година, при што Техеран ги изложи своите услови за можен договор.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека стабилноста во Либан и во регионот ќе влијае врз исходот од разговорите што се одвиваат со посредство на Пакистан, јави Анадолија.

Тој додаде дека иранската делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, веднаш по пристигнувањето во Исламабад започнала консултации со пакистанските власти.

„Дипломатијата денес е продолжение на одбраната“, изјави Багаеи, нагласувајќи дека Иран, по речиси 40 дена конфликт, влегол во „сложена дипломатска битка“.

Тој посочи дека Техеран останува во тесна координација со своите вооружени сили за да го надгледува примирјето и да одговори на евентуални прекршувања.

Според него, во првите часови по прогласувањето на примирјето биле забележани помали прекршувања, на кои иранските сили реагирале брзо, додека подоцна не биле пријавени посериозни инциденти.

Багаеи истакна дека примирјето се однесува на сите фронтови, вклучително и Либан, кој го опиша како клучен фактор, додавајќи дека развојот на настаните таму директно ќе влијае врз текот на преговорите.

Иранскиот предлог-рамковен документ содржи десет точки, меѓу кои се барања за гаранции за ненапаѓање, задржување на контролата врз Ормуска Теснина и признавање на правото на збогатување ураниум.

Техеран, исто така, бара укинување на сите американски санкции, повлекување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и на Меѓународната агенција за атомска енергија, исплата на отштета, повлекување на американските сили од регионот и прекин на непријателствата на сите фронтови, вклучително и во Либан.

Директните преговори започнаа откако делегациите на Иран и САД одделно се сретнаа со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

Американската делегација ја предводи потпретседателот Џеј Ди Венс, а во неа се и специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Иранската делегација ја предводи Галибаф, а членови се и министерот за надворешни работи Абас Арагчи и Али Багери Кани.

Пакистан е претставен од министерот за надворешни работи Исак Дар, со поддршка од началникот на армијата, генерал Асим Мунир, и министерот за внатрешни работи Мохсин Накви.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Проектот „Безбеден град“ ќе биде имплементиран и во Струмица
Следна Статија Нема глукомери и ленти, велат од Здружението на дијабетичари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Најозлогласениот нарко- бос Ел Менчо е погребан во златен ковчег

Озлогласениот мексикански наркобос Немесио Осегера Сервантес, познат како Ел Менчо, водач на картелот „Нова генерација Халиско“ (CJNG), вчера е погребан…

March 3, 2026
СВЕТ

(Видео) Се запали руски патнички авион веднаш по слетувањето во Анталија

Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција во неделата,…

November 25, 2024
СВЕТ

Најмалку 18 загинати во зимско невреме низ САД

Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во ледениот бран што ги зафати САД, јавија денеска американските медиуми. Во…

January 26, 2026
СВЕТ

Медведев: На Трамп нема да му дозволат да ја сопре војната во Украина, ако навистина се обиде може да заврши како Џон Кенеди

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека американскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, доколку победи на изборите,…

November 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?