Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски му ја честиташе победата на Маѓар, очекува поддршка за Македонија и регионот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски му ја честиташе победата на Маѓар, очекува поддршка за Македонија и регионот
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски му ја честиташе победата на Маѓар, очекува поддршка за Македонија и регионот

Објавено April 14, 2026 14:34
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше победата на Петар Маѓар во Унгарија, и зборуваше за евентуална екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски кој е во Унгарија, а Маѓар најави дека ќе го екстрадира.

Најпрво сакам да му честитам на Петар Маѓар. Ние имавме блиска соработка со Орбан, но граѓаните јасно ја дадоа поддршката на Маѓар. Очекувам да води про-европски политики, про-интегративни и очекувам поддршка за членство во ЕУ на регионот, вклучително и на Македонија. Што се однесува до специфичните политики поврзани со екс премиерот Груевски, тие се одлука на унгарската влада. Јас како што сум запознаен, екстрадиција е побарана уште во 2018 година, а е одбиена во 2019 година, и дополнителни коментари треба да се побараат од Министерството за правда. Јас не сум министер за правда, јас сум премиер – рече Мицкоски.

Тој тврди дека нема никави очекувања.

Но доколку се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и тој веднаш откако ќе се појави нормално, органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување на затворска казна којашто е согласно правосилна одлука. Ние сме Влада за којашто сите закони важат и Влада којашто мора да ги почитува законите и институциите во државата, а нормално секое лице има право да ги користи институциите, да ги користи своите права, да поднесува потоа жалби. Но ние како Влада имаме пред нас правосилна пресуда со којашто лицето за коешто вие зборувате сега е упатено на отслужување на затворска казна. А дали ќе се врати и кога ќе се врати, јас немам такви очекувања – рече Мицкоски на настан во Царинската управа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Пукање во училиште во Турција: Напаѓачот со пушка рани најмалку 18 лица
Следна Статија Ацо Ристов ја презеде функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена…

August 26, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски го претстави новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ- Драган Ковачки е нов ген сек

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска го претстави новиот состав на Извршниот комитет на партијата, како и новиот генерален секретар,…

February 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до сите македонски граѓани: Формирањето на многудетно семејство е највисок патриотски чин

Денес во македонската Влада се одржа настан Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

По бурните реакции на граѓаните од Собранието реагираат – неосновани се обвинувањата дека пратениците паузираат во работата

Собранието и пратениците изминатите две недели работеа и продолжуваат да работат. Откажани се само пленарните седници, комисиите и неколку настани…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?