Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕХФ ги суспендираше Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ЕХФ ги суспендираше Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
СПОРТ

ЕХФ ги суспендираше Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Објавено April 14, 2026 19:45
Сподели
Сподели

Македонските ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов официјално се суспендирани на две години од Европската асоцијација (ЕХФ).

Покрај суспензијата македонските судии ќе треба да платат и парична казна од по 5.000 евра за сторениот прекршок пред стартот на последното Европско првенство.

-Пред машкото Европско првенство годинава, ЕХФ ја повлече номинацијата на двајцата судии од Македонија поради наводна манипулација со прикачените видео снимки од таканаречениот „Тест за кондиција во повеќе фази“.

Врз основа на анализата на партнерот за интегритет на Европската ракометна федерација, „Спортрадар“, Ракометниот суд заклучи дека спорните видеа биле манипулирани и затоа ги изрече следните санкции.

Двајцата судии се суспендирани од извршување на каква било функција во рамките на ЕХФ и учество во какви било активности на ЕХФ во период од две години од датумот на првостепената одлука поради сериозно неспортско однесување, се вели во одлуката на ЕХФ.

Македонските ракометни судии на оваа одлука имаат право на жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена.

Начевски и Николов се вбројуваат меѓу најдобрите ракометни судии во светот и зад себе имаат огромен број важни меѓународни натпревари, како во Лигата на шампионите, така и на Европските и Светските првенства.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Татјана Димитровска во судница кажа дека не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари
Следна Статија Притвор од 30 дена за грабнувачите кои на лице од Неготино му ставиле црна кеса, го удирале, му се заканувале со пиштол

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Приходот од билетите од натпреварот Пелистер- Вардар ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во Кочани

Од ФК Пелистер Битола известија дека приходот од билетите на натпреварот Пелистер-Вардар ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите…

March 21, 2025
СПОРТ

ПСЖ на Реал му нуди 250 милиони за Винисиус

Винисиус Жуниор во блиска иднина би можел да го напушти Реал Мадрид. Според шпанскиот портал „Фихајес“, Пари Сен Жермен се…

November 12, 2024
СПОРТ

Зидан ќе ја предводи Франција по СП 2026

Зинедин Зидан ќе стане нов селектор на француската репрезентација, објавија некои тамошни медиуми. Педесет и тригодишниот фудбалски стручњак ќе го…

August 6, 2025
СПОРТ

Стаорец го прекина мечот: Вистинско шоу настана кога голманот на Реал се обиде да го фати глодарот

Фудбалерите на Белгија вчера го совлдаа Велс со резултат 4:2 во квалификациите за Светско првенство 2026, а највозбудливиот момент на…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?