Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пронајдена мртва ТВ водителка од Босна и Херцеговина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Пронајдена мртва ТВ водителка од Босна и Херцеговина
БАЛКАН

Пронајдена мртва ТВ водителка од Босна и Херцеговина

Објавено April 15, 2026 20:17
Сподели
Сподели

Во стан во Зеница утрово е пронајдено безживотно тело на 48-годишната Алма Хускиќ, долгогодишна уредничка и водителка на Радио-телевизија Зеница. Околностите околу нејзината смрт сè уште се утврдуваат, а истрагата е во тек.

Полицијата била известена за случајот, по што веднаш излегла на местото на настанот и започнала увид. Портпаролката на Управата на полицијата на Зеничко-добојскиот кантон, Лејла Екиновиќ, изјави дека на лице место е пронајдено телото на женско лице родено 1978 година, додавајќи дека по завршувањето на увидот ќе бидат познати повеќе детали, вклучително и точната причина за смртта.

Алма Хускиќ била едно од најпознатите лица на РТВ Зеница, каде што поминала речиси три децении. Својата кариера ја градела од новинар-волонтер до уредничка, оставајќи значаен печат во локалното новинарство. Јавноста ја памети по известувањата за дневникот „Зеница Инфо“, како и по уредување и водење на различни информативни и културни емисии.

Пред да се вработи во РТВ Зеница, работела како дописник за дневниот весник „Ослобоѓење“, а била и уредничка на младинското списание „ОМ“. Завршила Гимназија во Зеница, а подоцна студирала право и културолошки студии на Филозофскиот факултет во Зеница.

За својата работа во 2016 година добила специјално признание од УНИЦЕФ Босна и Херцеговина во рамки на проектот „Медиуми пријатели на децата“. Била активна и во граѓанскиот сектор, меѓу другото и во организации за ментално здравје и развој на креативност кај децата.

Истрагата за околностите на смртта продолжува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Маѓар го сними Орбан на соседната тераса и објави: Што мислите што чита?
Следна Статија Стојанче ја тепа Ивана сред судски комплекс, полицијата два пати доаѓа и си оди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

„Кобрите“ што го чуваат Вучиќ се најелитната единица

Одредот на воената полиција за специјални намени „Кобри“ е единица директно подредена на началникот на Генералштабот на вооружените сили на…

February 10, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Три лица загинаа во бродска несреќа во Хрватска

Во поморска несреќа што се случила денес околу 11:38 часот во водите меѓу островите Шолта и Брач, загинале три лица,…

June 14, 2026
БАЛКАН

Во Словенија референдум за асистирано самоубиство

Граѓаните на Словенија денеска на референдум ќе гласаат „за“ или „против“ неодамна усвоениот Закон за помош при доброволно завршување на…

November 23, 2025
БАЛКАН

Хорор во регионот: Мајка се породила и го фрлила бебето во тревник, ја пронашле крвава на влез од зграда

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Нови Сад ќе поднесат кривична пријава против М. К. (39) од овој град,…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?