Италијанскиот гигант за чоколадо и слатки „Фереро“ денес потврди дека е под истрага на Европската комисија за можно кршење на правилата за конкуренција.
Производителот на „Нутела“ и „Киндер“ објави дека претставници на ЕК во моментов вршат инспекции во канцелариите на компанијата, објави „Фигаро“.
Менаџментот на групацијата, која произведува и шарени бомбони „Тик Ток“, изјави дека „компанијата целосно соработува и ги доставува бараните информации“.
