Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4-ти мај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4-ти мај
МАКЕДОНИЈА

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4-ти мај

Објавено April 18, 2026 15:36
Сподели
Сподели

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, со важност до 04 мај.

Со оваа одлука се задржува намалувањето на акцизата за дизел горивото во износ од 4 денари по литар, како и намалувањето на акцизата за безоловните бензини од 95 и 98 октани во износ од 2 денари по литар. Оваа интервенција има директен фискален и пазарен ефект, којшто се рефлектира во значително намалување на малопродажните цени на горивата, со што се ублажува притисокот врз трошоците на живот и се амортизираат инфлаторните импулси.

-Со продолжувањето на оваа мерка, Владата јасно демонстрира проактивен и одговорен пристап во управувањето со кризата, при што приоритет останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и одржувањето на економската стабилност. Дополнително, имајќи ги предвид стабилизациските ефекти од досегашните мерки и тековните движења на цените, Владата донесе одлука за измена на Одлуката за примена на повластена даночна стапка на додадена вредност. Согласно оваа измена, повластената стапка од 10% ќе продолжи да се применува за бензините, додека за останатите производи се врши враќање на редовната стапка од 18%, велат од Владата.

Оваа мерка претставува внимателно балансиран пристап меѓу потребата за таргетирана поддршка на граѓаните и обезбедувањето на фискална одржливост, при што Владата останува целосно посветена на континуирано следење на состојбите и навремено преземање на соодветни економски политики.

-Согласно нашите пресметки очекуваме Регулаторна комисија за енергетика да донесе одлука со која ќе се изврши дополнително намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за околу 1,5 денар по литар. Истовремено, останува во сила и претходно договорениот механизам со нафтените компании, согласно кој се обезбедува дополнително намалување од 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините. Со ова, се постигнува кумулативен ефект на намалување на цените, кој директно се рефлектира во намалување на трошоците за транспорт и во ублажување на инфлаторните притисоци врз економијата, информираат од македонската Влада.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Иран отвори шест аеродроми за меѓународни летови
Следна Статија Политички пресврт во Словенија: Јанша ја презема власта?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Опасност од уривање карпи во Матка, движењето по патеката е забрането

Општина Сарај објави дека движењето по патеката Матка е забранет поради опасност од уривање на карпи. Според општината, одлуката е…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње

Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство по нападот во Црна Гора, во кој 12 лица ги загубија животите и четири се…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Менкиноски: Фактите и европските институции јасно покажуваат дека прашањето кое го отвораме не е антибугарско

Контроверзниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски на социјалните мрежи отворено се спротивстави на кандидатурата на адвокатот и борец за правата на…

November 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Националната ИКТ стратегија е клучниот документ за дигиталната трансформација, според кој ќе се мерат напредокот и достигнувањата

Денес го означуваме почетокот на изработката на Националната стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој– Националната ИКТ стратегија. Националната ИКТ стратегија…

October 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?