Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Пожар на депонијата „Краста“ во Куманово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Пожар на депонијата „Краста“ во Куманово
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Пожар на депонијата „Краста“ во Куманово

Објавено April 20, 2026 11:58
Сподели
Сподели

Екипите на „Чистота и зеленило“ со механизација и денеска се на терен на депонијата Краста на пожарот кој избувна вчера околу 20 часот. Пожарот бил забележан стражарската служба. Од претпријатието велат дека денеска се работи со механизација.

– Работат машини и камиони, се носи земја и се врши покривање на местата зафатени со пожарот. Во моментов нема видлив пламен, но има чад – изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Томиќ.

Според него, станува збор за долгогодишен проблем поврзан со присуство на подземни гасови, особено метан, кој може да предизвика самозапалување, особено при одредени временски услови како ветер од јужен правец.

– Ова е стар, акутен проблем кој постои со децении. Пожарите на депонијата не можат да се гаснат со вода, туку единствен начин е нанесување земја – рече Томиќ.

Тој додаде дека состојбата е подобрена во однос на синоќа, кога имало поинтензивни пламени јазици, но дека и натаму има чадење на теренот. Екипите продолжуваат со работа, а се очекува во текот на денот или во наредните денови пожарот целосно да биде ставен под контрола.

Од „Еко Пчиња“ бараат итна реакција и одговорност, бидејќи се случува со години и ја загадува непосредната животна средина, како воздухот, така и почвата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Газда Деко во лоша здравствена состојба, бара домашен притвор
Следна Статија Муцунски: Во тек е пополнување на местата на шефови на дипломатско-конзуларните претставништва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гнасно ко*иле, смрт за вас: Тешки навреди кон новинарот Видиновски по видеото за хаосот пред Бугарската амбасада

Асномски ко*пилиња, Македонија е наша што сакаме ќе правиме, Смрт за вас. Ова се дел од тешките навреди и закани…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Само 9,6 од македонските граѓани користат јавен превоз

Јавниот превоз, како клучен дел од одржливиот урбан транспорт во Европската Унија секојденвно го користат 10,7% од населението. Во Македонија…

March 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Честитка од Кос за Денот на независноста: Цврсто го поддржувам вашиот пат кон ЕУ

Европската комесарка за проширување Марта Кос во објава на Икс упати честитка до македонските граѓани по повод Денот на независноста.…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трагедија на Детска клиника: Почина 14-месечно бебе

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар ,,Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе, дознава ,,Слободен…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?