Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, во дискотеката се користеа прскалки и претходно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, во дискотеката се користеа прскалки и претходно
ХРОНИКА

Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, во дискотеката се користеа прскалки и претходно

Објавено April 20, 2026 12:10
Сподели
Сподели

Сведокот Ана Захариева, која на критичниот настан била гостин во „Пулс” во Кочани, на денешното рочиште за пожарот, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, во судницата во „Идризово“ изјави дека вечерта на 16 март во дискотеката имало многу гости, меѓу кои и малолетници, како и дека во дискотеката се користеле прскалки и претходно.

Сведокот, посочи дека во „Пулс“ одела од 17-18 години речиси секој викенд.

– Вечерта стигнав околу 12 часот и си купив блиет. Ја дадов на обезбедувањето, ставија печат и влегов внатре. Бев со друштво – рече Захариева.

Прашана дали се сеќава на лицата што вршеле обезбедување таа вечер, сведокот рече дека не се сеќава. Сведокот по сеќавање ги опиша влезот на дискотеката и нејзината внатрешност по нејзиното реновирање посочувајќи дека вториот излез тогаш бил затворен.

– Вечерта имаше многу луѓе во дискотеката – изјави Захариева посочувајќи дека имало и малолетници.

Пред да избувне пожарот во дискотеката, сведокот рече дека имало рација за малолетници, но забавата не била прекината.

Избувнувањето на пожарот, сведокот рече дека не можела да го види, но кога кажале дека гори, се упатила кон излезот бидејќи не била многу далеку.

– Беа секунди во прашање. Не бев многу оддалечена од вратата, можеби некои две минути. Знам дека беше многу малку потребно за пожарот бидејќи додека бев до вратата, веќе целиот плафон гореше – изјави сведокот посочувајќи дека немало никој што ги насочувал каде и како да се евакуираат.

Секогаш кога имало некои настан, пејачи, роденден, танчарки или отворање сезона, сведокот рече дека во дискотеката се користеле прскалки.

– Бев заглавена во стампедото, врз мене имаше сигурно уште 3-4 луѓе. Бев онесвестена и кога се разбудив, почнав да барам помош од луѓето околу мене. Имаше еден полицаец во униформа, но не можеше да ме извлече. Набргу дојде друг и ме извлече – рече сведокот.

Сведокот рече дека во пожарот добила изгореници на целата лева рака, имала операција и 42 дена била во болница, најавувајќи отштетено побарување.

На вкрстено прашање од одбраната на првообвинетиот, Дејан Јованов-Деко, да објасни како знае дека претходно било дискотека, а по реновирањето кабаре, сведокот рече дека разлика визуелно немало, туку во работното време.

– Дискотека е откако јас знам сè до последната година кога го реновираа. Немаше разлика внатре, туку имаше во времето на излегување. Дискотека беше до 11, а кабаре е откако се излагаше од 1-2 и траеше до 3-4. Јас така чув – појасни сведокот.

На прашање од адвокатот Јовица Страшевски дали може да се сети кој ја спасил вечерта, со оглед дека се сеќава речиси на сè, само не на човекот што ја спасил, сведокот повтори дека не може да се сети зашто настанало стампедо.

На прашање од одбраната дали била во дискотеката кога била малолетна, сведокот рече „да, сум била присутна зашто пуштаа малолетници, исто како што пуштаа и таа вечер”.

Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко, Ивана Коцевска, пред почетокот на денешното рочиште од судот побара да му биде заменет притворот со мерка куќен притвор поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба.

Јавното обвинителство рече дека ги сослушале наводите и по разгледување на документацијата, на крајот од денешната расправа ќе одлучат дали ќе се произнесат или тоа ќе го направат писмено.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче рече дека ќе гостува во ТВ Алфа, но откако претходно „ќе ја ослободи“ телевизијата од „канџите во кои е ставена“
Следна Статија ДУИ: Власта врши политички притисок и во континуитет таргетира наши ексградоначалници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Акиов пријавен в полиција за вчерашниот напад

Вчера во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 12.30 часот за време на одржување на седница на Советот на…

June 20, 2025
ХРОНИКА

Грк со автомобил излетал од автопатот кај Смоквица, повредена сопатничка

На 31.12.2024 во 06.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот, кај наплатна рампа Смоквица, во правец…

January 1, 2025
ХРОНИКА

Приведени двајца: Едниот ја претепал сопругата, другиот се заканувал на партнерката

Секторот за внатрешни работи Штип во текот на изминатото деноноќие документираше два случаи на семејно насилство во регионот, по што…

March 5, 2026
ХРОНИКА

ВООРУЖЕН КАКО РАМБО ШЕТАЛ НИЗ РАДОВИШ Маж облечен во воена униформа со пушка, лисици и со куршуми предизвика паника

Полицијата во Радовиш го приведе 49-годишниот А.У. откако бил затекнат како се движи во полна воена опрема, вооружен со пушка…

April 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?