Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и во јужните делови од земјата.
Утринската температура ќе биде во опаѓање. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен, информира УХМР.
Во Скопје до среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Ќе дува ветер од северен правец.
